Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги заборавиле
За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително потекло и постојано стававме нови статуси на Фејсбук. Се сеќавате ли што беше забавно во 2008 и 2009-та година, а сега не би ни помислиле да го правите?
Можеби ви се чини дека не поминало многу време, но ако се потсетиме на работите што ги правевме во 2008-ма и 2009-та година и ги споредиме со она што се случува денес, ќе сфатите дека работите во голема мера многу се промениле.
Во тој период технологијата сè уште не беше во толку голем подем, интернетот беше привилегија само за оние што имаа компјутер, а главна занимација во домот сè уште беше телевизорот и сериите што се емитуваа на ТВ каналите.
И, не, турските серии почнаа да се емитуваат подоцна, во 2010-та година.
Во продолжение да видиме со кои работи бевме опседнати во 2008-ма година, а сигурно веќе сме ги заборавиле:
Во 2008-ма година сè уште беше „кул“ да имаме Nokia мобилен телефон со тастатура. Оние што беа во можност купуваа Blackberry, заради олеснетата можност за пишување пораки.
Секој мобилен телефон имаше дупчиња од страна за да се стави алка, или украс за мобилен телефон.
Сите имавме различни рингтонови на мобилниот телефон. Можеше дури и да си купиш рингтон со СМС пораки.
Сите гледавме Lost и According to Jim.
Бевме опседнати со музичкото и реално ТВ шоу „Операција Триумф“ и навиваме за нашиот Александар Белов.
Задолжително беше да ставаме нови статуси на Фејсбук, по неколкупати дневно. Како ќе знаат луѓето дека сме тука и што правиме?
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





