„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - затоа беше голем“

Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш како највеселите слики во боја кога ми поминуваат пред очите... А едно патување во Будва, во летото 2006-та година, е меѓу нив.

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-01.jpg

Има денови кога се сеќавам на Тоше без никаква причина. Ќе слушнам некоја песна, ќе се насмевнам и ќе си го продолжам денот.

А има денови, како денешниот, годишнината на неговата смрт, кога постојано ми е во мислите.

Песни на радио, „меморис“ на Фејсбук и Инстаграм и еден куп фотографии кои и моите пријатели ги споделуваат на овој ден, ме навраќаат на убавите дружења со него.

А едно такво дружење со Тоше и неколку македонски новинари се случи во летото 2006 година, кога заедно бевме во Будва, каде што Тоше беше специјален гостин на „Будва фест“...

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-05.jpg

Ова беше едно од оние патувања што не ги планираш. Едноставно се случуваат.

Некако, се погоди „Будва фест“ да се одржува во истиот викенд кога Тоше требаше да има концерт на Градскиот стадион во Скопје.

На пресот кој го свикаа 2 недели пред концертот, кога го објавија датумот, сите реагиравме по малку „кавгаџиски“.

„Па добро, како во исто време? Веќе се акредитиравме за ‘Будва фест’, не можеме да сме на две места одеднаш“ - рековме во ист глас.

„Добро, колку новинари се акредитирани?“ праша Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше.

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-06.jpg

Бидејќи имаше десетина новинари кои кажаа дека треба да одат на фестивалот во Црна Гора (на кој таа година пееше и Тамара Тодевска), Љиља се замисли па рече: „Дајте ми ден-два, ќе средиме сè“.

И навистина, по неколку дена се јавија од продукцијата да кажат дека Тоше во петок ќе го одржи концертот на Градски, а дека во саботата ќе пее на фестивалот во Будва како специјален гостин.

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-13.jpg

Ни кажаа и дека не треба да бараме сместување, бидејќи тие ќе средат што треба, а дека ќе обезбедат и превоз за сите, ние само да се спакуваме и веднаш штом ќе заврши скопскиот концерт на Тоше, дека ќе тргаме накај Будва.

Љиља имаше многу коректен однос со новинарите и не сакаше да го пропуштат концертот на Тоше, па низ годините се случуваше да организира вакви патувања и дружења, во кои уживавме сите, а кои денес ги прераскажуваме како преубав спомен.

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-02.jpg

Во Будва, Тоше го пречекаа како ѕвезда. Зад сцената новинарите од регионот стоеја во ред да добијат изјава, а тој смирено и трпеливо разговараше со сите нив.

Во гужвата ќе здогледаше некој од македонската екипа и иако беше среде интервју, ќе му мавнеше со рака, ќе намигнеше, ќе дадеше некаков знак дека нè видел.

bev-so-toshe-proeski-vo-disko-vo-budva-ja-otkachi-goca-trzhan-za-da-ne-ispochituva-nas-novinarite-zatoa-beshe-golem-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg