Се ежам од вестите за сексуални напади на децата во првите одделенија кај нас и во Србија – Што се случува?

Во Србија девојче (8) сексуално злоставувало соученичка, кај нас деца со тврд предмет сакале да злоставуваат соученик... Ги читам вестиве и, не, не можам да си поверувам: Што се случува со децава?

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-01.jpg

Дали ние на 7 или 8 години знаевме што е секс? Дали воопшто помислувавме на сексуално злоставување, дали би се осмелиле да го правиме ова што денес го прават некои деца?

Што се случува воопшто со децава и од каде таа идеја на 7, или на 8 години да се обидуваат сексуално да злоставуваат соученици?

Од каде идејата дека е сосема нормално некому да му влезеш во тоалет или да го нападнеш во двор и да му ја соблечеш облеката?

Неодамна во српските медиуми беше објавена веста за 8-годишно девојче кое сексуално злоставувало 10-годишно девојче во основно училиште во Панчево.

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-03_copy.jpg

Родителите на нападнатото девојче, видно вознемирени ја пренесоа приказната за тоа како нивната 10-годишна ќерка била нападната од 8-годишна втородделенка, која дошла во училишниот тоалет, ги фрлила очилата на нивната ќерка во тоалетот и ѝ ги соблекла пантолоните и долната облека.

Девојчето било спасено од две повозрасни ученички кои влегле во тоалетот и виделе што се случува, па спречиле злоставувањето да продолжи.

Според пишувањата во српските медиуми, девојчето што го извршило насилството, исто така било жртва на насилство.

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-02.jpg

Овој случај следува само неколку недели, откако кај нас беше пренесена веста за двајца ученици во „Ѓорче Петров“ кои се обиделе со тврд предмет да вршат полови дејствија врз соученик во училишниот двор...

Ги читам приказниве и како мајка на 7-годишно девојче се ежам... Не, не можам да останам рамнодушна и не ми влегува во глава – од каде им се тие идеи на децата?

Ајде во првиот случај, девојчето што го извршило нападот и само било жртва, па најверојатно не ни било свесно што прави, но во вториот случај?

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-05.jpg

Од каде им доаѓаат такви идеи на децата? Постојат ли казни за таквите дејствија? Постојат ли казни за родителите? И секако, дали воопшто се трудиме да реагираме пред да се случи такво нешто?

Пред неколку години, во градинката каде што учеше моето дете, се случи едно од децата да влезе во тоалет со едно од девојчињата, да ѝ ја соблече облеката и да ја допира во интимните делови.

Потоа се испостави дека детето без знаење на родителите гледало видеа на телефонот на родителите и сакало да види и да проба во живо што ќе се случи ако го допира девојчето.

Секако, мајката на нападнатото девојче поведе постапка но не сакаше случајот да се прошири во јавноста.

Тоа беше лекција за сите нас, да бидеме внимателни и да си ги отвориме очите што се случува. Напад на девојче во градинка, а не во основно училиште.

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-10.jpg

Но, од она што го гледаме и што се објавува, сфаќаме дека тоа не се случува само таму некаде, на филм, туку ни се случува и нам. Булинг, сексуално злоставување, малтретирање...

Ова се теми за кои сериозно треба да се зборува, а ми се чини дека и покрај големиот број кампањи и јавни трибини, ништо не се менува. Зошто?

Затоа што ние како родители не преземаме нешто за работите да се променат. Сѐ уште живееме со приказните дека тоа се само деца и не можеме да си поверуваме дека нешто такво би можело да се случи.

Сѐ уште веруваме дека тоа се само детски закачки и дека тоа е нормален процес на растот и развојот на децата. Но, дали е така?

Дали нешто било преземено со девојчето кое и само било жртва на злоставување да му се објасни дека тоа што му се случило не е во ред, или пак, родителите верувале дека тоа нема да се повтори и девојчето ќе заборави?

Од каде им е идејата на нашиве момчиња со тврд предмет да злоставуваат врсник?

se-ezham-od-vestite-za-seksualni-napadi-na-decata-vo-prvite-oddelenija-kaj-nas-i-vo-srbija-shto-se-sluchuva-06.jpg

Факт е дека многу работи треба да се променат во нашиот систем и образование, во начинот на којшто ги одгледуваме и воспитуваме децата, затоа што ниту еден родител не сака неговото дете да биде жртва, ниту пак да биде насилник.

Да бидеме повнимателни со уредите и со технологијата, но и да обезбедиме услови за нормален раст и развој на децата, затоа што ако во првите одделенија започнале со сексуални злоставувања, што може да очекуваме дека ќе се случува понатаму?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg