Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Наставничката ме натера да си играм со дете што не го сакав, а сега ми е најдобар пријател“

„Пред десетина години со дечкото решивме да ги запознаеме нашите родители меѓу себе. Тие веднаш почнаа да се дружат, имаат исти интереси, се зближија. Јас и тој раскинавме, во брак сме со други луѓе, но нашите родители и понатаму се најдобри пријатели“.

uchitelkata-me-natera-da-si-igram-so-dete-shto-ne-go-sakav-a-sega-mi-e-najdobar-prijatel-prikazni-za-drugarstvoto-shto-kje-ve-raznezhat-01.jpg

Кога бевте деца, сигурно верувавте дека пријателствата што ги создавате тогаш ќе траат цел живот.

Но, како што почнавте да растете, кога запишавте различни училишта, се преселивте во друг град/држава, најдовте работа што ве одведе во некој друг правец - тие детски соништа за вечно пријателство, останаа заборавени.

Малкумина се тие што имаат вистинското пријателство кое трае „од пелени“ до крајот на животот.

Во продолжение, прочитајте ги нивните приказни за пријателството што ќе ве разнежат и ќе ви ги разгорат емоциите:

Приказна број 1

„Кога одев во основно училиште, добивавме ручек во школската кантина, па често ни даваа колбаси во лепче.

Но, јас никогаш не го јадев, туку си го земав со мене, а на патот кон дома, застанував да му го дадам на едно момче бездомник.

Тој беше постар, па често знаеше да ме одбрани ако некој пробуваше да ме закача.

Денес имам 29 години, а пријателството со бездомното момче трае и понатаму.

Пред еден месец конечно ни се исполни и сонот да отвориме кантина во која ќе подготвуваме храна за бездомниците“.

uchitelkata-me-natera-da-si-igram-so-dete-shto-ne-go-sakav-a-sega-mi-e-najdobar-prijatel-prikazni-za-drugarstvoto-shto-kje-ve-raznezhat-02.jpg

Приказна број 2

„Кога одев во градинка, со пластична коцка намерно удрив едно дете.

Учителката реши да ми одржи лекција, па ме натера цела недела да си играм само со него и ниедно друго дете.

Оттогаш поминаа 20 години, а ние и понатаму сме пријатели и се поддржуваме.

Секако, имавме убави, но и тешки моменти, но тој секогаш ќе виде мој брат“.

Приказна број 3

„Во друштво имавме еден дечко, кој доживеа несреќа и остана без едната рака.

Го немавме видено со месеци, помина скоро пола година, кога цело друштво отидовме кај него дома.

Му кажавме дека ќе играме фудбал и ни треба голман.

Тој се налути, но тогаш му дадовме вреќа полна со пари кои беа доволно за да може да му се изработи протетичка протеза.

Шест месеци ги молевме родителите да ни даваат пари, некои од нас разнесуваа весници, косевме тревници, шетавме кучиња и сите заработени пари ги чувавме за него.

Тоа беше прв и последен пат да го видам како плаче, нè прегрнуваше од среќа.

Денес е возрасен маж, има сопруга и деца, но сите ние и понатаму се собираме заедно на тој ден и се сеќаваме на детството“.

Уште 3 приказни на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога зборот на родителот беше закон - се подразбираше дека децата ќе се воспитани“ Возевме велосипеди со часови. Моравме да им кажеме на нашите родители каде одиме...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg