„Кога зборот на родителот беше закон - се подразбираше дека децата ќе се воспитани“
Возевме велосипеди со часови. Моравме да им кажеме на нашите родители каде одиме, со кого сме и моравме да бидеме дома штом ќе се запалат уличните светилки.
Никогаш не ги доведувавме во прашање приходите на нашите родители - тоа едноставно не беше тема на разговор.
Брза храна ретко се јадеше бидејќи се сметаше за уживање, а не за основна диета.
Оброците беа домашни, составени од месо, компири и зеленчук - и тие не беа додатоци кои сакавме или не сакавме да ги јадеме.
„Не сакаш зеленчук? Е, тогаш нема да јадеш ни десерт!“
Пораснавме во време кога сами заработувавме џепарлак - косевме трева, корневме коров, чувавме бебиња и им помагавме на соседите во домашните работи.
Не добивме сè што ќе посакаме - далеку од тоа.
Поголемиот дел од денот го поминувавме надвор - си игравме, возевме велосипед, трчавме со пријателите, игравме криенка или одевме на базен. Ретко седевме дома.
Вода во шише не постоеше. Ако пиевме кока-кола, таа беше во стаклено шише, кое не го фрливме. Ќе го вратиме во продавница и за него ќе добиевме бонбона.
После школските часови прво ги пишувавме домашните и помагавме дома, а дури потоа излегувавме надвор или ни доаѓаа пријатели.
Возевме велосипеди со часови. Моравме да им кажеме на нашите родители каде одиме, со кого сме и моравме да бидеме дома штом ќе се запалат уличните светилки.
Учевме од нашите родители, а не се однесувавме со нив како да не знаат ништо. Нивниот збор беше закон - не се доведуваше во прашање дали се во право или не, а за нас беше подобро да го знаеме тоа!
Внимававме како се однесуваме кон постарите затоа што знаевме дека ако не ги почитуваме, ќе бидеме сериозно опоментати за тоа. Тоа не се викаше злоставување - се викаше образование!
Им отворавме врати, им ги носевме кесите со намирници и им ги отстапувавме местата на постарите, без никој да нè потсети.
Немаше пцовки во песните, ниту во емисиите на радио и телевизија.
И никогаш не ни беше здодевно!
Би можело да ве интересира:





