Барбара Поповиќ за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од осаменост“
- Детали
- петок, 27 декември 2024
„Избегав преку тераса од дома за да одам на роденден зошто имав мал излез, но татко ми ме фати и бев казнета 3 месеци“ - напиша пејачката Барбара Поповиќ во лексиконот на CRNOBELO.com.
Пејачката Барбара Поповиќ е многу блиска со членовите на своето семејство и вели дека тие, заедно со миленичето Динго, ѝ се секогаш на прво место.
Родителите и сестра ѝ ѝ се најголеми идоли, а ни откри и дека никој не знае да ѝ зготви повкусно јадење од нејзините две баби.
Барбара се потпиша во нашиот лексикон, па ни откри и многу интересни работи за себе - како се чувствувала по првиот бакнеж, која е најголемата беља што ја направила, а призна и дека многупати се степала „и тоа сочно“.
Прочитајте што напиша Барбара во лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Барбара, драго ми е. Имам, Барби, Бари или Барбе (така само моето семејство ме вика).
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 24 години, родена сум на 16 септември 2000-та, во хороскоп сум Девица.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Ух, многу тешки прашања. Не можам една песна 3 се: „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска, Mozda je to ljubav од Жељко Јоксимовиќ и Un’emozione per sempre од Ерос Рамацоти и истите ми се омилени артисти.
4. А омилена книга?
Не сум многу по книгите, така што немам омилена книга.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилени глумци ми се Џејсон Стејтам и Џим Кери, глумица искрено немам, филм Liar Liar, a серија Desperate Housewives засекогаш.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт немам, братучетка ми Матеа Попоска е одбојкарка така што таа ми е омилен спортист.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам, се вика Динго и е најубавото нешто на светот!!!
8. Која е најчудната/најглупавата порака што си ја пратила некому по грешка?
Не ми се случило да пратам некому порака по грешка, а да се сеќавам.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Никогаш не сум имала различна желба од тоа да станам пеjачка и фала му на Бога тоа сум денес.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Омилен пијалак цел живот ми е Фруктал леден чај од праска (не сум многу по алкохолот), а храна сè што готват мајка ми и двете мои баби. По тоа прашање сум многу терсене, а тие точно знаат што сакам, а што не.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам неколку. Ја имам Анчи, ја имам Мони, ја имам Симона и Огнен. Се дружиме цел живот и не би ги заменила за ништо на светот.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик и омилен предмет ми беше музичко.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Имам три идоли, тоа се моите родители и сестра ми.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Понго од 101 Dalmatian.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Не се сеќавам. Најчесто сакав да му досаѓам на Данило братучед ми, тоа најмногу ме исполнуваше.