Поучна приказна за двајцата пријатели кои шетале низ пустината - за лутината и добрината

pouchna-prikazna-za-dvajcata-prijateli-koi-shetale-niz-pustinata-za-lutinata-i-dobrinata-01.jpg

Двајца пријатели патувале низ пустината. Долго време оделе заедно, споделувајќи разговори и тишина. Но, во еден момент, почнале да се расправаат. Едниот пријател, во момент на лутина, го удрил другиот по лицето.

Навредениот, без да каже ни збор, се наведнал и со прст напишал во песокот:

„Денес, мојот најдобар пријател ме удри“.

Продолжиле со патувањето сè додека не стигнале до едно езеро. Таму решиле да се одморат и да се измијат.

Но, оној што бил удрен, се лизнал и почнал да се дави. Неговиот пријател веднаш скокнал и го спасил.

Кога дошол при себе, спасениот зел нож и изгравирал на еден голем камен:

„Денес, мојот најдобар пријател ми го спаси животот.“

Зачуден, првиот го прашал:

- Кога те удрив, напиша во песок, а сега кога те спасив, го изгравира на камен. Зошто?

Пријателот му се насмевнал и рекол:

- Кога некој ќе ни направи лошо, треба да го запишеме во песок, за ветрот на простувањето да го избрише.

Но, кога некој ќе ни направи добро, треба да го изгравираме на камен, за никогаш да не биде заборавено.

Поука:

Животот е полн со болка, загуба и разочарувања, но и со моменти на љубов и добрина. Научи да ги заборавиш повредите, но никогаш не заборавај ги добрините што другите ти ги прават.

Извор

фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg