Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Добро си избрала“, ми кажа пријателка кога зборував за мојот сопруг, па ме замисли

dobro-si-izbrala-mi-kazha-prijatelka-koga-zboruvav-za-mojot-soprug-pa-me-zamisli-01_copy.jpg

Случајно разговарав со пријателка на повеќе теми и нели онака спонтано ви доаѓа „Мојот партнер вака направи, тој во ваква ситуација тоа би направил“...

И сфатив дека доста често, природно, ми доаѓа да го споменувам, па дури и во насока кога одевме на филозофски теми „Во животот познавам само неколку вистински во душа добри луѓе, па дури и во оваа група го споменав него...“

И по долги разговори на теми од секаков тип, пријателката само ми кажа „Добро си избрала“. Велам „Молам?“... Ми повторува „Си направила вистински избор на брачен сопатник“.

И некако ме замисли, искрено, дури ме освести.

„Вистина добро избрав“.

Очигледно горда сум на него и за мојот живот е толку значаен што сосема спонтано, во сосема неповрзани ситуации природно ми доаѓа да го споменувам.

Некако со него работите одат со леснотија, ми го олеснува животот, за разлика од многу жени кои мора како по јајца да одат кога станува збор за партнерот и мора да се тресат што ќе кажат, направат или како ќе го погледнат.

Тој е опуштен човек, оптимист во душа и посветен од дното на срцето на работите кои ги сака – семејството и професијата.

За него – тоа е доволно.

Тој не бара премногу.

Нему малку му треба за среќа.

Дури некогаш си велам: „Учи од него, кај си тргнала, зошто животот постојано мора да ти е оган, трка и грабање, зошто не научиш да уживаш во мигот, во мирот, во сигурноста, во смиреноста која (имаш среќа да) ја имаш?“

Плус, му верувам. А денес човек на човека ретко може да верува. И ова прави мирно да спиете.

Плус, го сметам за посветен до срж и знам дека светот да гори детето ќе му биде на прво место, па јас, па, дури на крај, тој самиот.

И го сметам за убав човек, убав однатре најважно, но и убав однадвор, пакет каков што ретко имате среќа да добиете на животната лотарија.

И човек што знае да ужива во сите мали работи во животот, правејќи ги со тон љубов.

dobro-si-izbrala-mi-kazha-prijatelka-koga-zboruvav-za-mojot-soprug-pa-me-zamisli-02.jpg

Дури и пицата што ја прави, за него е чин полн со љубов и чин кој му мами насмевка на лицето.

Ужива буквално во сè и работите не ги прави само површно и рутински, туку со љубов и страст.

Таков е и во игрите со детето. Не игра само за да го заигра детето, туку игра, чувствувајќи иста детска радост и задоволство од играта, како и неговото дете.

Никогаш не оптоварува со тегоби, со мрак, со негативни енергии, нешто што стана практика на поголемиот дел од луѓето, за жал.

Во него ја гледате леснотијата на постоењето. Тој е инспирација како се сака животот во секое издание, со сè што тој ќе ви сервира или нема да ви сервира.

Тој е љубов спакувана во форма на човек.

Дали е до моите очи или вистина е така, не знам...

Но, вакви луѓе со безрезервна љубов кон луѓето денес се реткост и треба да ги славиме... Ако ништо друго барем од време навреме да им дадеме признание за вложеното.

За да продолжат да бидат токму такви какви што се, да продолжат да бидат вистинската состојка за разубавување на овој свет и никогаш да не ја изгубат таа своја чистина на душата, во светот во кој најсуровите станаа „најценети“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Тамара за CRNOBELO лексикон: „Првиот симпатија ми бегаше, сега му е сигурно криво“ „Имав едно другариште за цел живот, кој, за жал, прерано нè напушти, мојот Влатч...
Кире Лазаров - 5 години ист мирис, Иџе - Tom Ford: Кои се омилените парфеми на нашите спортисти? Сте се запрашале ли некогаш каков парфем става голманот Столе Димитриевски? А ко...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg