Кире Лазаров - 5 години ист мирис, Иџе - Tom Ford: Кои се омилените парфеми на нашите спортисти?
Сте се запрашале ли некогаш каков парфем става голманот Столе Димитриевски? А кој парфем им е омилен на Перо Антиќ или на Енис Барди? CRNOBELO.com откри кои им се фаворити на македонските спортисти.
Едни сакаат остри мириси, а други посвежи мириси.
На прашањето кои им се омилените парфеми и каков мирис користат, македонските спортисти во анкета за CRNOBELO.com ни открија дека имаат сличен вкус - доминираат парфемите на Tom Ford и Dior.
Кои им се омилените парфеми?
Кире Лазаров, ракометар
„Веќе 4-5 години го користам парфемот Terre d’Hermes, па слободно можам да кажам дека ми е омилен“.
Дарио Ивановски, маратонец
„Сите кои ме познаваат добро, знаат дека Дарио не е Дарио, ако пред некоја трка не стави добар парфем.
Парфемот, односно свежиот мирис на кожата ме прави да се чувствувам полесно и поенергично во текот на трката.
Верувале или не, мирисот на добар парфем ми ја зголемува самодовербата додека се тркам рамо до рамо до најдобрата конкуренција во светот.
Можам да одберам 2 парфеми кои би ги користел до крајот на животот.
Првиот е Dior Intense, а го одбрав да биде прв бидејќи тој ме потсетува на победа и остварување на олимпискиот сон.
Мирисав на Dior Intense кога се пласирав за Олимписките игри на маратонската трка во Севилја, каде што поставив и нов национален рекорд.
Вториот парфем, а кој е првиот парфем во кој се заљубив и кој ќе го користам можеби целиот живот, е Tobacco Vanilla by Tom Ford.
Тоа е парфемот кој ме потсетува на патување и ми создава возбудливо чувство на слобода.
Со овој парфем ме спои татко ми. Се враќав од долг пат и кога влегов во кола, можам да кажам дека тој мирис ми ја стопли душата за цел живот.
Ме асоцира на слобода, на патување и на татко ми“.
Перо Антиќ, кошаркар
„Можам да издвојам три парфеми и тоа Smoking Hot by Kilian, Sauvage by Dior и Gentleman Society by Givenchy.
Немам некоја посебна причина зошто ги сакам, едноставно ми се омилени“.
Игор Стефановски Иџе, автомобилист
„Tom Ford Noir ми е еден од омилените парфеми, а го користам веќе 2 години“.
Енис Барди, фудбалер
„Парфемите ги сакам во глобала, тие се израз на нашата лична хигиена и убавиот мирис кој ни го даваат, а и мирисот истовремено го шириме и со сите оние кои нè опкружуваат.
Мој омилен парфем е Moresque Sahara Blue.
Го користам години наназад и ме потсетува само на позитивните моменти кој сум ги доживеал во животот“.