Кире Лазаров - 5 години ист мирис, Иџе - Tom Ford: Кои се омилените парфеми на нашите спортисти?

Александар Љафтов, одбојкар

„Омилен парфем ми е Prada L’Homme L’Еаu, a го користам околу 7 години.

Првпат го пробав на аеродром во Истанбул, многу ми се допаѓаше и веднаш го купив, па ете, ме потсетува на патување и чекање по аеродроми - мојата животна приказна.

Историјата се повтори и минатата година, на враќање од Саудиска Арабија, со парфемот Versace Eau Fraiche.

Тоа се тие два парфема кои ги обожавам“.

kire-lazarov-5-godini-ist-miris-idje-tom-ford-koi-se-omilenite-parfemi-na-nashite-sportisti-08.jpg

Столе Димитриевски, голман

„Омилениот парфем ми е Acqua di Parma Zafferano“.

kire-lazarov-5-godini-ist-miris-idje-tom-ford-koi-se-omilenite-parfemi-na-nashite-sportisti-06.jpg

Бобан Илиоски, кик-боксер

Megamare by Orto Parisi е мојот омилен парфем.

Го добив на подарок и оттогаш го користам постојано. А ми се допаѓа поради тоа што има остар мирис“.

kire-lazarov-5-godini-ist-miris-idje-tom-ford-koi-se-omilenite-parfemi-na-nashite-sportisti-03.jpg

Христијан Бузалковски, мотоциклист

„Мојот омилен парфем е Hugo Boss Dark Blue, а го користам повеќе од 2 години.

Ме потсетува на убави моменти (го добив на подарок кога ја освоив златната кацига) и затоа и ми е посебен!

А и според мене, аутфитот никогаш не е комплетен без парфем“.

kire-lazarov-5-godini-ist-miris-idje-tom-ford-koi-se-omilenite-parfemi-na-nashite-sportisti-07.jpg

Марко Митев, ракометар

„Многу сакам парфеми и имам повеќе во мојата колекција, но посебен за мене е JOOP!

Мислам дека бев второ одделение кога имав можност првпат да го имам. Беше на вујко ми, тој живее во Австралија, а тогаш престојуваше кај нас.

Нормално, со негова дозвола, јас можев да користам. Се сеќавам дека бев воодушевен од мирисот и мислам дека целата училница тогаш мирисаше на JOOP.

Кога замина ми го остави и тоа беше мојот прв парфем. Секогаш ме потсеќа на него.

За мене е посебен и секогаш го имам во мојата колекција парфеми.

А најчесто го користам Burberry Нero.

kire-lazarov-5-godini-ist-miris-idje-tom-ford-koi-se-omilenite-parfemi-na-nashite-sportisti-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg