Тамара за CRNOBELO лексикон: „Првиот симпатија ми бегаше, сега му е сигурно криво“

„Имав едно другариште за цел живот, кој, за жал, прерано нè напушти, мојот Влатче. Секојдневно ми фали...“ - напиша Тамара Тодевска во лексиконот на CRNOBELO.com.

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-01.jpg

Тамара Тодевска долги години е на естрадата и скоро да не постои ништо поврзано со неа, што не е познато во јавноста.

„За мене се знае сè. Но, реално, никој ништо не знае“, напиша таа во нашиот лескикон.

Пејачката ни откри дали се тепала како дете, што помислила по првиот бакнеж, но и која е лошата навика што се надева дека никој не ја забележува.

Прочитајте го лексиконот на Тамара:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Тамара, мило ми е. Пејачката е веројатно прекарот.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

Имам 39 години, на 1 јуни 1985 сум родена. Во хороскоп сум Близнаци.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Имам многу омилени песни, меѓутоа последна што ја слушам секојдневно и ми е хит е Birds of а Feather од Били Ајлиш.

Пејач: Фреди Меркјури.

Пејачка: Витни Хјустон.

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-08.jpg

4. А омилена книга?

Го сакам Ошо.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Глумец: Никола Ристановски

Глумица: Тијана Дапчевиќ

Филм: „Гладијатор“

Серија: Suits

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Генерално спорт следам кога игра македонската репрезентација - ракомет, фудбал, кошарка, одбојка... и прилично гласно навивам.

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-04.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Мојот еден и единствен - Тоби. Многу го сакам.

8. Која е најчудната/најглупавата порака што си ја пратила некому по грешка?

Ги имало неколку... се измешале контактите во телефон и по грешка пораката отишла кај друг/а.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум денеска. Пејачка.

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-06.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Џин тоник, веројатно.

А се познава дека си сакам храна (ха, ха). Ја обожавам македонската кујна, домашната храна, а ако треба да одвојам омилено - веројатно сарма и паста.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам повеќе најдобри другарки, другари: Кики, Бела, Ирена, Калина, мојот Бебо... се извинувам ако пропуштам некој/а од друштво.

А, имав и едно другариште за цел живот, кој за жал прерано нè напушти, мојот Влатче. Секојдневно ми фали...

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик. Но, сепак музиката била мојот избор отсекогаш и знаев дека тоа треба да биде мојот фокус.

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-03.jpg

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Татко ми. Има ли поголема љубов од татко и ќерка?

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Џери. Секогаш да бидам помудра и чекор пред другите.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Уфф, ги имало повеќе. Сите маалски игри, оние што ги игравме пред зграда, во маало, на клупи... ластик, џамлии, сакате ли војска...

tamara-za-crnobelo-leksikon-prviot-simpatija-mi-begashe-sega-mu-e-sigurno-krivo-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg