Тамара за CRNOBELO лексикон: „Првиот симпатија ми бегаше, сега му е сигурно криво“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Имало повеќе, ако сум искрена. Но, не сакам да споделам, сепак да бидам добар пример за новите генерации.
17. Дали некогаш си се степала?
Да. Во основно, ама повеќе Тијана се тепаше за мене во моја одбрана. Сепак беше доста поголема.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Грицкањето на нокти. Најголем ужас. Не го правете тоа, ве молам!
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
’70-ти, ‘80-ти... во таа музичка ера и период.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Здрава сум, работам тоа што сакам, имам 2 прекрасни деца, љубов... не сметам дека нешто ми фали.
21. Од што се плашиш?
Од болести. Многу се плашам.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Не знам каде е Таше. Имав само 6 години, тој беше постар. Го бркав и ми бегаше. Сега сигурно му е криво.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Има многу кафански песни, кои ме погодуваат во срце. Речиси цел репертоар на Тома, но и старите македонски песни.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На концерт. На патување. На одмор со луѓето кои ги сакаш...
25. Кое е најубавото место на светот?
Секое место покрај вода, езеро или море со многу сончеви денови. Тоа е најубавото место на светот.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
„Тамара, си ослабела нешто...“
27. Откриј ни една тајна...
Мислам дека сите се знаат за мене. Но, и ништо не знаат.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Си помислив дека нема ништо поубаво од љубов. Од вистинска и искрена љубов.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Кога ги лажев моите дека уште малку се враќам дома...
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Тамара: Која ви е омилена песна од мене (освен „Тажна љубов, среќна песна“ и „1003“)?
CRNOBELO.com: Двете се одлични, ама, да бидеме искрени, Proud e песната што си ја обожаваме и со која се гордееме.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело