Кога ќе ти се собере сѐ, кога душата те боли, а очите печат од плач - вресни гласно, најгласно!
Човек си и знаеш дека ниту грам повеќе не можеш да поднесеш. Те притиска до болка. Срцето ти е оковано. Не можеш повеќе. Ти се тресат рацете, снагата те предава... Кога сѐ ќе ти се собере, вресни гласно...
Кога сѐ ќе ти се собере, вресни гласно...
Излези, качи се на некоја планина
и вресни од дното на срцето.
Како никој да не слуша, како никој да не гледа...
Олесни се.
Од товарот ослободи се.
Многу ти се натрупа.
Човек си и знаеш дека ниту грам повеќе не можеш да поднесеш.
Те притиска до болка.
Срцето ти е оковано.
Душата заробена.
На моменти се гушиш дури.
Не можеш повеќе.
Ти се тресат рацете, снагата те предава, ти не си ти.
Како свенато цвеќе, како човек без душа, како сениште движиш по некои автоматски подесени насоки.
Функционираш во некоја рутина, но ништо не чувствуваш.
Комплетно затапе.
Дури си велиш болката подобра е од оваа ништожност, од ова мртвило.
Ништо не те радува, ништо не те смее.
Премногу истрпе и не можеш ни грам повеќе.
Но, животот некогаш не слуша.
Животот некогаш не нѐ милува.
Некогаш така силно нѐ удира со болка пресилна за нашите плеќи да ја износат.
И тогаш не преостанува ништо друго освен гласно да вреснеме и да си оставиме време да изболуваме.
Да не притискаме, да не брзаме, да оставиме процесот сам да тече.
Ако ништо друго... Барем да се надеваме дека - еден ден ќе биде подобро.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: генерирано со AI
Би можело да ве интересира:




