Татко ѝ е милионер, таа заработува со маникир и правење накит: Која е скромната ќерка на Саша Поповиќ?
- Детали
- недела, 25 февруари 2024
Саша Поповиќ, еден од најбогатите луѓе на српската естрада, има ќерка и син. За разлика од повеќето деца на познатите, тие не сакаат да се експонираат јавно, ниту да зависат од милионите на своите родители. Која е Александра, скромната ќерка на поранешниот директор на „Гранд“?
Поранешниот директор на „Гранд продукција“ и еден од најбогатите луѓе на српската естрада, Саша Поповиќ, има две деца - ќерката Александра и синот Даниел, кој е од првиот брак на неговата сопруга, но музичарот отсекогаш го признавал како свое дете.
Но, децата на Поповиќ и на пејачката Сузана Јовановиќ, сепак не тргнаа по стапките на своите популарни родители.
Синот Данијел е дел од продукцијата на „Гранд“, но работи како тон-мајстор.
Ќерката Александра, пак, важи за многу скромна девојка.
Таа на 8 март ќе наполни 25 години и веќе одамна е независна од своите родители и парите што ги имаат тие.
Таа не сака да се појавува во јавноста со нив и затоа за неа се знае многу малку.
Александра запишала два факултета, но и од двата се откажала брзо по почетокот на студиите.
Се запишала на курс за маникир и педикир и почнала да заработува со правење нокти и давање козметички услуги.
Таа има свој локал, кој ѝ е подарок од татко ѝ.
Во локалот работи и сопругата на брат ѝ Даниел, но таа ги шминка клиентите што им доаѓаат.
Александра не ги сака парите од татко ѝ, па од неодамна, освен со маникир и педикир, заработува и со правење накит.
На својот профил на Инстаграм, таа објави дел од материјалите што ги набавила и начинот на изработка на накитот што ќе го продава.
„Неа не ја интересира работата во ‘Гранд’, во сосема други води е. Многу е скромна, не сака да се експонира, да е во центарот на вниманието.
Ни за 18-тиот роденден не ни дозволи да ѝ направиме јавна забава, не сакаше да има новинари или фотките да се најдат во медиумите. Не бара ништо од нас, иако можеме да ѝ дадеме сè.
Но ете, таква е. Јас сум среќна и благословена што имам такви деца“, кажа во една пригода Сузана Јовановиќ, сопругата на Саша.
А. Ј. | Црнобело