Лепа Брена (64) издоминира на насловната на Vogue - Моќни фотографии на балканската дива кои оставаат без здив
- Детали
- петок, 08 ноември 2024
Лепа Брена како да не старее - таа издоминира во фотосесија за VOGUE Adria и на 64 години изгледа подобро од кога било порано.
Балканската ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на балканското издание на модниот магазин Vogue, Vogue Adria.
За познатото списание таа даде и интервју, дополнето со впечатлива фотосесија, а фотографиите, малку е да се каже дека оставаат без здив.
Брена позира во авион, на јахта, ја покажува својата еластичност на 64 години (ја крева ногата на една од фотографиите), сликана е во облека која потсетува на нејзиниот албум и песната Hajde da se volimo, како танцува со полугол маж, додека е на масажа или на третмани за убавина.
„На помладата верзија на Брена би ѝ кажала дека животот е фантастичен, но и дека сè има своја цена“ - е една од изјавите на пејачката за познатиот магазин.
Во интервјуто, Брена вели:
„Ми требаа многу сила и мудрост да останам ничија. И можеби тоа е мојот најголем успех - што покрај сè, успеав да останам своја“.
Таа раскажува и за времето кога во Нови Сад наоѓала спас од самотијата, бидејќи, како што вели, во ’80-тите сите од бендот имале некој за да му се вратат по концертите и настапите, а таа била сама и осамена.
Брена, во целата своја кариера, најверојатно никогаш не изгледала толку моќно.