„Мислеше дека сум милионер, а јас живеев во распаднато студио“: Мили за љубовта со згодната сопруга

„Ја прашав дали има дечко и ми кажа дека е во врска. Веднаш ѝ кажав: Види, планот е ваков - ти јави му се и кажи му дека не може да бидете заедно, дека не е тоа - тоа. Јас ќе те барам околу пладне, ќе дојдам по тебе и веќе нема да се одвојуваме“, раскажал Мили за љубовната приказна со прекрасната сопруга Нина.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-01_copy.jpg

Продуцентот и музичар Александар Милиќ Мили, кој е еден од членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, е во долг и хармоничен брак со сопругата Нина, со која има две деца.

Тие важат за еден од најскладните парови на српската естрада, а Мили често знае да каже дека добил премија во животот кога ја запознал Нина.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-03.jpg

Мили, кој потекнува од семејство на лекари, отсекогаш сакал да се занимава со музика. И токму некаде на врвот на својата кариера, ја запознал Нина.

Во тоа време Мили живеел во луксузна вила на Дедиње во Белград, и тоа на улицата „Ужичка“, позната по раскошните резиденции, каде што живее српскиот „крем“, но и многу дипломатски семејства.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-06.jpg

Една од тие раскошни вили припаѓала на пријател на Мили, па бидејќи пејачот му завршил голема работа, пријателот му ја отстапил за да живее таму некое време.

„Живеев во куќа од 3.000 квадрати, која беше резиденција на кинескиот амбасадор. Таму си направив студио и простор за живот, мојата спална соба имаше 250m2, само каминот беше долг 6m.

Имав свој парк, обезбедување, сè што може да се замисли. Некои француски новинари се чудеа како музичар може да си го дозволи сето тоа.

Тогаш се дружев со десетина девојки кои доаѓаа во вилата да слушаме музика, гледавме филмови, игравме игрички. Јас не знаев дека тие редовно ѝ раскажувале на Нина што се случува таму“, рекол Мили.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-09.jpg

Нина во тоа време студирала во Италија и никогаш не дошла во вилата на Дедиње кај Мили. Во меѓувреме тој се иселил од вилата и почнал да живее во студио од само 15m2 на Дорќол.

„Дури откако се преселив од вилата ја запознав Нина. Другарките за мене ѝ кажувале дека сум цар кој живее на Дедиње, мислеше дека сум милионер, а јас, всушност едвај имав простор за било што во студиото што се распаѓаше“, додал тој.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-07.jpg

Мили признал дека тоа била љубов на прв поглед и дека веднаш знаел дека таа еден ден ќе му биде сопруга.

Но, веќе следниот ден откако се запознале, таа се вратила во Италија и дошла во Србија по 6 месеци, за дочекот на 2004 година.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-08.jpg

Новата година ја дочекале заедно, а веќе следниот ден излегле на кафе.

„Ја прашав дали има дечко и ми кажа дека е во врска. Веднаш ѝ кажав: Види, планот е ваков: ти јави му се и кажи му дека не може да бидете заедно, дека не е тоа - тоа.

Јас ќе те барам околу пладне, ќе дојдам по тебе и веќе нема да се одвојуваме“, раскажал Мили.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-05.jpg

Иако на Нина ѝ било смешно, сепак, го прифатила неговиот предлог и повеќе од 20 години се заедно.

Парот се свршил во Монако и се венчале во 2005. Следната година ја добиле ќерката Миа, а брзо потоа и синот Маркус.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-10.jpg

Мили често знае да каже дека е најсреќниот човек на светот.

„Имаме совршен брак. Да го цртав, немаше да успеам да го нацртам така. Не можев да сретнам попаметна и поубава личност од Нина“, вели Мили за сопругата.

misleshe-deka-sum-milioner-a-jas-zhiveev-vo-raspadnato-studio-mili-za-ljubovta-so-zgodnata-sopruga-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Ја натерал да го остави дечко ѝ за него: Љубовната приказна на Александар Милиќ Мили и сопругата Нин... „Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде сопруга“, има изјавен...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg