Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца
- Детали
- недела, 07 јули 2024
50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не му дозволува да биде во контакт со ќерка му. Кои други ѕвезди не зборуваат со децата?
Деновиве низ медиумите кружат фотографии од Кристофер Броснан (51), син на славниот актер Пирс Броснан (71), кој всушност не е биолошки син на актерот.
Неговите биолошки родители се првата сопруга на Пирс, Касандра Харис и нејзиниот поранешен сопруг Дермот Харис.
Пирс ги посвоил Кристофер и неговата сестра Шарлот во 1986 година, откако Дермот починал.
Пет години подоцна починала и Касандра, а потоа и Шарлот.
Пирс и Кристофер денес не се во добри односи.
Актерот се дистанцираше од посвоениот син поради неговата зависност и проблемите со законот.
фото: Hello magazine
Пирс не е единствената славна личност која не е во добри односи со своето дете.
Погледнете дел од нив:
Ентони Хопкинс
Ентони со години не разговара со својата ќерка Абигејл.
Имено, тој не бил вклучен во нејзиниот живот уште од бебе, односно откако ја напуштил сопругата Петронела.
Во 2006 година Абигејл изјавила дека е тажна бидејќи со години не го видела својот татко.
„Тажна сум, но морам да продолжам со животот. Отсекогаш било така“.
На оваа изјава Хопкинс возврати:
„Ако некој не сака да биде дел од мојот живот, добро. Оди и прави што сакаш. Ѝ посакувам сѐ најдобро. Тоа е завршена приказна, не чувствувам никаква вина“.
Џеки Чен
Магазинот People пишуваше дека Џеки Чен никогаш јавно не ја признал својата ќерка Ета Нг, која ја имал по аферата со актерката Елејн Нг Ји-Леи.
„Никогаш нема да кажам дека Џеки Чен е мојот татко. Тој за мене е само познат актер“, изјави Ет.
Вуди Ален
Во 1993 година, Вуди Ален бил обвинет дека ја злоставувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу кога таа била сè уште дете.
Ален ги негирал овие обвинувања, инсистирајќи дека неговата поранешна партнерка, мајката на Дилан, ја охрабрувала нејзината ќерка да лаже.
Меѓутоа, токму поради целата таа ситуација Ален игубил контакт со своето семејство, дури и со синот Ронан, кој ја поддржува Дилан.
Том Круз
Многупати е пишувано за лошиот однос помеѓу актерот Том Круз и неговата ќеркa Сури, која ја доби во бракот со актерката Кејти Холмс.
Славниот актер е познат и по тоа што е член на Скиентолошката црква, која не дозволува нејзините членови да бидат блиски со неистомисленици.
Сури во април наполни 18 години, а кратко по роденденот откри дека се откажала и од презимето на својот татко.
Имено, во њујоршката претстава Head Over Heals таа се претставила како Сури Ноел.
Ноел е средното име на Кејти Холмс.
Еди Марфи
Актерот е познат по тоа што има толку многу деца што многумина се прашуваат како може да ги памети нивните имиња.
До неодамна ги признаваше само деветте деца кои ги има добиено со различни жени, но упорно одбиваше да го признае десеттото дете, ќерката што ја доби со пејачката Мелани Браун, попозната како Мел Би од групата „Spice girls“.
Тој целосно го игнорираше постоењето на малата Енџл, додека со ДНК тест не беше потврдено дека тој ѝ е татко.
Неодамна за првпат објави фотографија со сите свои деца, на кои е и Енџл.
50 Cent
Раперот Куртис Џексон, попознат како 50 Cent, јавно пишувал и кажувал грди работи за својот син и има изјавено дека не сака ништо повеќе да има со него.
Тој признал дека попрво би го „посвоил“ својот колега рапер Такеши, иако е „кодош“, отколку својот син, кого го споредил со змија.
Раздорот меѓу таткото и синот, наводно, настанал затоа што 50 Cent почувствувал дека мајката на Маркус го користи неговиот син за да извлече пари од него, а Маркус застанал на страната на својата мајка.
С. Ш. | Црнобело