Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко со ин витро“
- Детали
- среда, 12 март 2025
Трансродовата ќерка на Илон Маск тврди дека милијардерот платил за контроверзна ин витро процедура со која родителите можат да го избираат полот на бебето. Нејзините тврдења не се потврдени, а од 14-те деца на Илон, скоро сите се родени со ин витро и се машки.
Веќе никој не знае колку точно деца има Илон Маск, но познато е дека се барем 14.
Со првата сопруга, Илон доби вкупно шест деца, од кои првото почина непосредно по раѓањето.
Потоа, со помош на ин витро, Илон и бившата Џастин Вилсон добија син кој пред неколку години не само што си го промени полот, туку и јавно се откажа од милијардерот.
Детето беше родено како Егзавиер, но откако го промени полот, го користи името Вивиен.
21-годишната Вивиен неколкупати јавно го има критикувано татко ѝ, а сега излезе со нови скандалозни тврдења за милијардерот.
Имено, Илон сакал само синови, па плаќал екстра за ин витро процедурите за неговите партнерки да зачнат машки деца.
Вивиен вели дека затоа и таа била родена како машко.
„Полот со којшто се родив беше купен. Па, кога бев женствено дете и потоа станав трансродова личност, бев спротивно од продуктот што го купил Илон.
Очекувањата да бидам мажествена, со кои се борев целиот живот, беа парична трансакција“, вели Вивиен во објава на социјалната мрежа Threads.
Ин витро оплодувањето со опција за избирање на полот на бебето е контроверзна медицинска процедура и е нелегална во повеќето земји.
Но, легална е во САД и Мексико и една ваква процедура може да чини стотици илјади долари.
Во друга објава, Вивиен се прашува и како воопшто е легално нешто такво.
Не е познато дали Илон платил за оваа процедура, но самиот има откриено дека повеќето деца ги добил со помош на ин витро. Притоа, скоро сите деца се машки.
Откако Вивиен се откажа од него, Илон се има огласено само еднаш-двапати за односот со неа.
Во интервју од 2024-та, милијардерот изјави дека е против промената на полот и сметал дека го измамиле за да дозволи Вивиен да користи хормонална терапија додека била малолетна.
„Го изгубив син ми. Мојот син е мртов, убиен од вирусот на ’отворените умови‘. Па, се заколнав дека ќе го уништам тој вирус“, кажа милијардерот.
Прочитајте и: Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Маск
Во 2024-та, Илон доби две деца – едно со вработена во негова компанија, и уште едно кон крајот на годината за кое се нема огласено.
Вивиен, пак, откри дека за раѓањето на шест полубраќа и полусестри дознала онлајн, а не од нејзиното семејство.
Дури и на шега изјави дека веќе не знаела колку браќа и колку сестри има.
Голем дел од јавноста го критикува Илон за многуте деца, најмногу бидејќи освен што плаќа алиментација, воопшто не се грижи за нив.
Други, пак, ги критикуваат мајките бидејќи сметаат дека раѓаат деца од милијардерот само за да добиваат пари од него.
Прочитајте и: Најстариот син на Илон Маск сака да го промени полот и се откажува од татко му: „Не сакам да ме поврзуваат со него“
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





