„На ќерка ми ѝ падна косата на 7 години - децата ја исмеваат и не сакаат да си играат со неа“
- Детали
- сабота, 18 јануари 2025
„Децата постојано ја прашуваат Меги дали има рак, ја нарекуваат со погрдни имиња, ја исмеваат, па дури и не сакаат да си играат со неа затоа што сметаат дека нејзината состојба е заразна...“, вели Меги Греј од САД.
Меги Греј од САД ја има тешката задача секој ден да ја потсетува ќерка си Амелиа Миа дека е убава, иако нема коса.
7-годишното девојче, поради алопеција, комплетно ја изгубило косата, иако пред неколку години имала прекрасни црни локни.
Меги вели дека била ужасната кога првпат забележала дека на ќерка ѝ почнале да ѝ се прават ќелави кругови на главата.
Тоа во текот на наредните години се претворило во комплетно губење на косата.
Сега, децата постојано ја прашуваат Меги дали има рак, ја нарекуваат со погрдни имиња, ја исмеваат, па дури и не сакаат да си играат со неа затоа што сметаат дека нејзината состојба е заразна.
Мери вели дека ѝ се крши срцето од оваа ситуација.
„Се обидов со сè, но ништо не функционира, плачам навечер. Кога и да се погледне во огледало гледам како лицето и се натажува. Мојата среќна и зборлеста девојка се претвори во тажно девојче.
Била мета на булинг толку многу пати. Кога ќе излеземе луѓето ја зјапаат, а децата ја навредуваат за изгледот.
Најлошо е што не може да сфати што ѝ се случува и се прашува зошто не може да има коса како мене“.
Амелиа има 3 браќа и сестри.
Автоумоното заболување алопеција ѝ било дијагностицирано во 2020 година.
Нејзината мајка ја споделува оваа приказна за да охрабри и други родители и дечиња кои се соочуваат со истото.
С. С. | Црнобело