Застрашувачка аудио снимка од судирот на двата воза во Чешка: Несреќата снимена од надзорните камери во близина
- Детали
- четврток, 06 јуни 2024
Надзорните камери во близина го снимија звукот од моментот кога два воза се судрија во Чешка и навистина звучи морничаво. На социјалните мрежи се споделуваат застрашувачки фотографии од несреќата во која животот го загубија најмалку 4 лица.
Според првичните информации, околу 4 лица загинаа, а повеќемина се повредени откако патнички и товарен воз се судрија во Чешка, во Падрубице.
Според официјалните информации објавени во чешките медиуми, несреќата се случила во средата (05.06) во 23.00 часот, а во неа животот го загубиле 4 лица, додека 27 биле повредени и пренесени во болница.
Патничкиот воз во моментот на несреќата сообраќал од Прага, кон Кошици во Словачка, а во него и во товарниот воз имало вкупно 300 лица.
Железничките пруги беа затворени околу 9 часа, а веднаш по несреќата на местото дошле екипи на полицијата, противпожарните служби и брзата помош.
Машиновозачите и на двата воза преживеале. Едниот од нив со полесни повреди бил пренесен во болница, а другиот нема повреди.
Засега не се знаат причините за несреќата, но од фотографиите и видеата што се објавуваат се гледа дека дошло до директен судир на двата воза.
На социјалните мрежи е објавено видео од надзорни камери во близина на кои може да се слушне страшниот удар во моментот кога се судриле двата воза (на 00: 43).
Posted by Jaroslav Hubáček on Wednesday, June 5, 2024
Погледнете уште неколку видеа од евакуацијата на патниците:
V Pardubicích došlo ke srážce osobního a nákladního vlaku. Na místě aktuálně probíhá zásah všech složek IZS, byl vyhlášen traumaplán, na místě je velké množství zraněných, nemůžeme vyloučit ani mrtvé. #policiepak pic.twitter.com/P4EHlAAYQD
— Policie ČR (@PolicieCZ) June 5, 2024
Na místě stále probíhají vyprošťovací a záchranné práce. Policisté začali s evakuací cestujících z vlaku. #policiepak pic.twitter.com/YOVvJry3wm
— Policie ČR (@PolicieCZ) June 5, 2024
Б. С. Б. | Црнобело