Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години
- Детали
- петок, 12 април 2024
Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 година, има дарувано 118 литри крв, а вели дека не планира да запре.
Дарувањето крв навистина нè чини малку, а за некој може да значи живот.
Многумина дарувале крв барем еднаш во својот живот, но некои луѓе се истакнуваат со нивната дарежливост.
А, во целиот свет, најмногу се истакнува Џозефин Мичалук од Канада. 81-годишната Џозефин го држи рекордот за најмногу донации на крв.
Таа првпат донирала крв на 22-годишна возраст во 1965-та. Оттогаш, си ветила дека ќе дарува толку често колку што ќе ѝ дозволи телото.
Џозефин го сруши рекордот минатата година и дотогаш имаше дарувано 115,3 литри крв.
До денес, овој број е поголем – Џозефин има дарувано 209 пати, односно вкупно 118,7 литри крв, а вели дека не планира да запре.
Крвната група на Џозефин е 0+, која е една од најбараните бидејќи е најчеста кај популацијата.
Таа дарува над четирипати годишно, а вели дека пред секоја дарување ѝ прават преглед кој вклучува проверка на крвен притисок, ниво на хемоглобин и слично.
Заедно со прегледот, едно дарување трае нешто повеќе од еден час, што значи дека Џозефин има поминато над 260 часа од животот во дарување крв.
Џозефин вели дека по секое дарување, се чувствува „преродено“, а притоа се надева дека со нејзината приказна ќе ги мотивира и другите да даруваат почесто.
Спирова С. | Црнобело