„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“
- Детали
- понеделник, 08 април 2024
Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа Американка треба секој месец да одвојат по 3 долари од џепарлакот за сметки и храна, а парите не ги добиваат, туку ги заработуваат извршувајќи обврски во домот.
Додека некои родители мака мачат да ги научат децата за важноста на парите и да прифатат дека понекогаш нема пари за тоа што тие го бараат во моментот, оваа мајка развила цел систем како да ги направи децата финансиски одговорни од најмала возраст.
Саманта Бирд е мајка на три деца кои одат во основно училиште, а се на возраст од 6, 8 и 9 години.
Таа стана популарна на социјалните мрежи откако се пофали како се труди уште од мали нозе да ги научи децата дека ништо во животот не е бесплатно и дека мора да се научат сами да си ги плаќаат сметките.
Нејзините 3 деца, секоја недела треба да одвојат пари од својот џепарлак и да ѝ помогнат на мајката при купувањето храна, плаќањето на сметките за кирија, струја и гас.
„Секоја недела добиваат џепарлак до 6 долари. Се очекува од тие пари да одвојат по 1 долар за нивните трошоци за цел месец“ – вели таа и појаснува дека очекува секое од нејзините деца да одвои по 1 долар за кирија, 1 за храна и 1 за сметки за струја и гас.
Децата треба да водат финансиски дневници, каде што запишуваат колку пари потрошиле и на што, но и колку заштедиле.
Таа вели дека нејзина цел е да ги научи децата од мали нозе што значи да се плаќаат сметки и да израснат во финансиски одговорни личности и да немаат проблеми со парите како што тоа ѝ се случило нејзе.
Уште еден интересен детаљ е тоа што оваа мајка џепарлакот на децата не им го дава тукутака, односно тие имаат обврски во домот и ако успешно ги завршуваат ќе си добијат плата, а во деновите кога ќе платат за сметките, мајката им подарува купон со којшто добиваат 15 минути повеќе време пред телевизор или компјутер.
Додека голем број родители што го погледнале видеото, сметаат дека идејата на оваа мајка е генијална и би сакале да ја применат, други сметаат дека мајката ќе создаде чудовишта од децата.
„Нема потреба од ова. Постои шанса тие да станат опседнати само со пари или постојано да се вознемирени заради нив. Ова го зборувам од искуство“;
„Децата на таа возраст нема потреба да учат за трошоци и сметки. Ова е совршен начин да им создадеш финансиска анксиозност“ – стои во дел од коментарите.
@samanthabirdshiloh If you’re new here, we increased our son’s allowance to accommodate charging “mock expenses” We wanted our kids to be well prepared when they get to adulthood and a large portion of that is learning how to manage expenses. To answer some common questions: 1. We give the boys $6 weekly for their chores and responsibilities around the house 2. $3 each month is expected to go toward their expenses, the rest we help them manage toward various categories (spending, saving, giving, investing) 3. We started doing this around age 6! Depending on the age and readiness of your child, you could do this a little younger or older! You know your child best 🥰 4. All of the supplies that we use are linked in my profile including the workbook I designed to make sure my boys were learning about each financial skill Feel free to leave any questions in the comments! #financialliteracy #financialeducation #budgeting #loudbudgeting #budget #personalfinance #parents #parenting #kids #kidspersonalfinance #financialfreedom
♬ original sound - Samantha Bird
Што мислите вие? Би го прифатиле ли начинот на воспитување на оваа мајка?
Б. С. Б. | Црнобело