Сара Пројковска ќе биде погребана утре, семејството со последен поздрав: „Благодарни сме што бевме дел од твојот живот“
- Детали
- среда, 19 март 2025
Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
Со длабока тага Ве информираме дека во трагичната несреќа во Кочани ја загубивме и нашата сакана Сара Пројковска.
Сара е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на одделот за пијано.
Својата академска и професионална кариера ја продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што магистрираше, а потоа и работеше како Вонреден Професор на Катедрата за клавишни инструменти и харфа.
Сара беше посветена мајка на Јана и Марко, неуморно борејќи се до последниот миг за нивната подобра иднина.
Музиката беше нејзиниот живот. Нејзината најголема пасија беше пеењето, а како вокал соработуваше со многу од најпознатите имиња на македонската музичка сцена.
Благодарни сме и чест ни е што бевме дел од нејзиниот живот, затоа што таа нѐ облагородуваше, нѐ исполнуваше со радост, љубов и внимание. Таква ќе ја паметиме засекогаш.
Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
Од семејството
Би можело да ве интересира:





