Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот?
- Детали
- вторник, 12 ноември 2024
Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во светот сега ужива во улогата на баба. Кралицата Ранија од Јордан мами воздишки со совршениот изглед и во шестата деценија од животот.
Кралицата на Јордан, Ранија Ал Хусеин, во август годинава стана баба, откако нејзиниот син, престолонаследникот Хусеин бин Абдула Втори и неговата сопруга принцезата Рајва добија ќерка, на која ѝ го дадоа името Иман.
Набрзо по раѓањето на принцезата, кралицата ги објави првите фотки со внуката во раце, а очигледно е дека таа ужива во улогата на баба.
Таа минатиот викенд објави фотка на која е со бебето во раце додека води разговори на Zoom, а во описот накратко напиша:
„Првиот Zоом состанок со советот на бебето Иман“.
Додека кралицата покажа дека нејзината внука веќе „почнала да ги извршува своите кралски должности“, голем број од следбениците на кралицата ѝ посакаа на принцезата кога ќе порасне да личи на својата баба, која се чини дека воопшто не старее.
Инаку, кралицата Ранија има 54 години и важи за една од најубавите кралици во светот, која каде и да се појави, зрачи со елеганција.
Таа на возраст од 22 години се омажила за принцот Абдула од Јордан, кој е 9 години постар од неа.
Парот добил четири деца.
Прв е престолонаследникот Хусеин Втори, кој во 2023-та година се ожени со принцезата Рајва од Саудиска Арабија.
По него се родени принцезите Иман и Салма, а најмал е принцот Хашем.
Прочитајте и Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан
Погледнете повеќе фотографии од најубавата кралица во светот:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





