Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан

Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е кралица на Јордан. Со својата појава секогаш го привлекува вниманието кај присутните, а важи за една од најубавите и најелегантните кралици во арапскиот свет. Што знаеме за јорданската кралица Ранија?

rabotela-vo-banka-po-samo-2-meseci-vrska-se-svrshila-so-kralot-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-01.jpg

Кралицата Ранија од Јордан важи за една од најубавите кралски дами во светот. Секогаш елегантна и модерна, и на возраст од 52 години таа плени со својата појава, а неодамна заедно со сопругот се појавија на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, каде повторно успеа да се истакне меѓу присутните.

Ранија е 9 години помлада од својот сопруг Абдула Втори (61), а важи за една од најубавите и најмодерните дами во арапскиот свет.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-02.jpg

Денес Ранија живее во луксуз, но малкумина знаат за нејзините скромни почетоци.

Во продолжение, неколку интересни факти за неа:

Ранија била родена во август 1970-та година во Кувајт од родители со палестинско потекло, а кога имала 21 година, заедно со семејството побегнале во Аман, Јордан заради војната на Блискиот Исток.

Високото образование го завршила во Каиро, Египет, каде студирала бизнис менаџмент на American University.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-03.jpg

Пред да го запознае принцот Абдула, Ранија работела во банка во Јордан, а потоа станала дел од маркетинг тимот на компанијата Apple.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-05.jpg

Во 1992-ра година, на Ранија целосно ќе ѝ се промени животот кога на една вечера ќе го запознае принцот Абдула од Јордан. Меѓу нив веднаш се родила љубов, а само 2 месеци подоцна тој ја побарал за сопруга.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-04.jpg

Ранија и Абдула стапија во брак во 1993-та година, а нивната свадба се памети во арапскиот свет.

Ранија од бракот со кралот на Јордан има 4 деца, а тие двајца важат за едни од најубавите и најскладните кралски парови во светот.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-06.jpg

Во 1995-та година, кралицата основа фондација која има за цел да им помага на децата во кралството.

Во една прилика се насмеа па рече дека кога ја гледаат, децата најчесто се разочарани затоа што не носи круна.

od-dete-na-begalci-do-kralica-na-koja-site-i-se-voshituvaat-fakti-za-ranija-kralicata-na-jordan-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg