Најубавата жена на светот е од Данска - Запознајте ја Мис Универзум 2024 (фото)
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
-->
Русокоса победи на Мис Универзум првпат во 20 години, а најубавата жена на светот е и професионална танчарка.
Викторија Кјер Талви (21) од Данска победи на Мис Универзум 2024 година, кое беше 73-то издание на овој престижен натпревар и се одржа во Мексико.
-->
Таа победи во конкуренција од 120 девојки од цел свет и е првата жена од Данска што успеала да ја освои оваа титула.
Инаку, Македонија на овој избор ја претставуваше Теа Ѓоргиевска од Куманово, која откри дека на Мис Универзум во Мексико имала незаборавно искуство и дека е благодарна за сите луѓето кои ги запознала и ѝ ја направиле оваа авантура незаборавна.
-->
-->
Неколку факти за Викторија:
Викторија вели дека сонувала да стане мисица уште на 5-годишна возраст.
-->
На 17 години таа за првпат се пријавила на Избор на мис на Данска и добила титула втора придружничка.
Како Мис Универзум на Данска беше крунисана во септември, два месеци пред светскиот избор.
Ја интересира бизнис, маркетинг и продажба на дијаманти, а сонува да студира на Харвард.
Се има натпреварувано и на светски првенства во танц.
Постојано зборува за менталното здравје, бидејќи потекнува од семејство каде имало проблеми со дрога и од каде носи трауми.
Јавно зборува и се бори за правата на животните.
Таа е прва русокоса девојка, што победи на овој натпревар по 20 години. Во 2004-та победи русокосата Џенифер Хокинс од Австралија.
-->
Повеќе фотографии од Викторија, најубавата жена на светот во 2024, на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:
Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина
Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
13 фото-докази дека животот во Скандинавија е подобар отколку на кое било друго место
Автобус со појаси за безбедност на секое седиште, плус можност за полнење на тел...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга
Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе...
Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“
Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...