Ми се наближува роденденот. Сега по некое непишано правило треба да сум возбудена, среќна, исполнета... Ќе добијам честитки на телефон, ќе добијам искрени бакнежи, по некоја честитка на Фејсбук и по некој скромен подарок и што сега...
Во воздухот е пуштен вирус. Дишеме омраза и гнев, а сме имуни на тоа. Секој секому мисли како да го искористи, но не знаеме дека сите се исти. Секое лошо со лошо се враќа, а сите добри луѓе патат од злобата и канџите на волците.
И сега додека тешко дишам, додека болката во срцето ме пецка и секој момент мислам дека ми е последен, солзите ми се лизгаат по лицето, не можам да ги сопрам тие солзи што на страдање и жал потсетуваат.
Што е гладот? Дали можеби чувство кога стомакот е празен или пак чувство дека нешто недостасува иако стомакот е полн?
Не прашувајте што ми е, само молете се за мене. Одвратно чувство кое ни на ниту еден душман не му го посакувам.
Дали среќата може да се купи? Да се добие? Дали си ја создаваш сам? Или пак другите ти ја даваат? Овие прашања ми се вртат во главата уште од моето детство.
Татичко мој... Не знам како да ти се заблагодарам,што и да кажам е малку или не може да се опише со зборови... Но, ќе се обидам...
Вие не го знаете ни чувството на мојата анксиозност. Да имате пропаднато во темна дупка, дупка без дно и од секоја страна ве полазуваат морници... можеби би знаеле што се обидувам да ви објаснам.
Беше петок, последната недела од декември. Студот печеше. Завршувајќи го работниот ден, ми беше мило што викендот е пред мене. Неделава ми помина како на трња. Кај згазни – боцни се.
„Повеќе никогаш нема да сакам. Никогаш нема да се заљубам!“ си реков знаејќи дека се лажам...
Одев многу, многу одев. По пат што навидум понекогаш ништо не нудеше. Небаре некој од горе трња посеал и ме тестира колку можев да издржам.
Многу е тешко да се живее со тебе. Ти си мојот кошмар кога спијам и онаа која ме демне кога сум будна. Ти си мојот најголем непријател. Ти си виновна за сè што ми се случува...
Трагајќи по искуство, копнеејќи по остварување на долгоочекувана страст, тргнав по релативно трнлив пат. Можеби и не толку трнлив, барем болката од трњата не е толку неиздржлива со оглед на тоа што овојпат, патот ми е разгазен.
Штотуку се вратив од болница. Ја мразев отсекогаш, ги мразев лекарите, толку љубезни, гостопримливи, а најмалку таму сакав да сум гостин, бидејќи само таму приказните се загорчуваат.
Ова утро за прв пат не го бакнав пред да излезам од дома. Секое утро станувам без аларм, затоа што секогаш се будев далеку пред тој да заѕвони.
Трчам... трчам и трчам. Трчам низ животот. И запирам да разгледам. До кога вака? Мислам дека почнав да заборавам и да дишам.
Нашиот живот е изложен на безброј ограничувања и несреќи. И тој минува, сите работи минуваат освен една. Животот е чудо.
“Што сакаш, Ана?”- мојата потсвест ме врсна со погледот. Јас и возвратив со вообразен поглед...