Тато, можеби еден ден ќе го пронајдам мојот принц, но ти засекогаш ќе останеш мојот крал

Татичко мој... Не знам како да ти се заблагодарам,што и да кажам е малку или не може да се опише со зборови... Но, ќе се обидам...

tato-mozebi-eden-den-kje-go-pronajdam-mojot-princ-no-ti-sekogash-kje-ostanesh-mojot-kral-01.jpg

Викаат дека љубовта на таткото и ќерката е онаа најсилната, онаа која трае засекогаш. Првата љубов на секоја девојка е нејзиниот татко, нејзиниот заштитник, нејзиниот херој!

Да, тато баш така. Ти си мојата прва љубов, мојот идол во животот, од тебе ја научив таа дефиниција, од тебе ја разбрав љубовта кон спротивниот пол.

Ти си оној кој со еден збор може да ме крене до облаците, да ме издигне над сите. Ти ме научи на најважната лекција во животот- да се сакам и почитувам себеси.

Успеа да ме воспиташ без да кренеш рака на мене, да тато успеа, успеа само со твојот груб глас кој знаеше да писне на мене, но секогаш со причина.

И тогаш кога мама знае да реагира бурно ти таа бура знаеш да ја направиш во тивка вода.

Твојата поддршка тато се моите крилја. Крилја кои досега ме носеле високо и високо, но ти си тој  кој ми вели  „Не се задоволувај со малку , оди сè подалеку и подалеку, само така ќе успееш“.

Ти си тој кој моите падови знае да ги направи помалку болни, ти си тој кој секогаш знае да ми ја излечи душава со внимание, доверба и љубов.

Некогаш многу ми е потребно некој да верува во мене, ама вистински да верува. Како и секогаш, како заштитник и психолог се појавуваш ти.

Човекот со лавовско срце и челичен став – мојот татко.

Кој знае колку ти било тешко да се одречеш од некои работи, но ти и понатаму сметаш дека ништо не е поважно од твојата ќерка. Колку пати си ги поддржал моите фантазии, иако си сметал дека се глупави.

Ти должам тато, многу ти должам.

Многу пати си бил сведок на моите неуспеси, но само ти знаеш да ги направиш помалку болни и да ги претвориш во понатамошни успеси. Не знам како ти успева  тоа, ама важно успева.

Пред некое време се сеќавам разговаравме и ми кажа дека ако сакам да успеам во животот и да имам свое Јас, треба сама да се борам да го постигнам тоа, дека не треба пред никого да ги покажувам моите слабости колку и да се болни.

Колку и да е неправеден животот треба да се има целосна верба во Бог и дека главата секогаш треба да ми биде горе – гордо исправена пред секого. Да бидам девојка со храбро срце.

Уште многу имам тато, уште премногу ...

Без разлика колкава километража не дели, за љубовта не се важни километрите, тоа го сфатив, нас не поврзува нешто друго нешто посебно..

Инаетот е оној кој ни е во крвта на двајцата или како што ти знаеш да кажеш АБ+ и другото сè е јасно.

Тато овој текст е посветен за тебе со големо внимание и љубов, како што ти си горд на мене, што имаш таква ќерка, така и јас татко мој сум најгордата  личност дури го пишувам ова и што имам таков татко како тебе.

Тато другото изгледа е она што не може да се искаже со зборови.

Ако овој текст стигне до тебе, сакам да знаеш уште нешто...

Можеби еден ден ќе го пронајдам мојот принц, но ти секогаш ќе останеш мојот крал!

Автор: Слободанка Кицеска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg