Гладни за љубов, почит и внимание...

Што е гладот? Дали можеби чувство кога стомакот е празен или пак чувство дека нешто недостасува иако стомакот е полн?

gladni-za-ljubov-pocit-i-vnimanie-01.jpeg

Кога бев мала знаев само за еден глад, глад кој поминуваше за секунда кога ќе го наполнев моето мало стомаче. А, денес? Денес секое второ суштество е гладно.

Љубов, почит, внимание. Три зборови кои го потхрануваат човековото битие. Зборови кои можат да заменат тони и тони леб, бидејќи без нив човекот не е човек и животот не е живот. Зборови со големо значење, големи чувства, а ги собира и во најмалото срце.

На светот постојат милиони луѓе. Дали сте се запрашале како живеат тие? Како живеат децата во домовите кои секое утро се будат со помислата дека се напуштени, безвредни...

Да, имаат храна, но сепак се гладни. Гладни за родителска прегратка, родителски бакнеж. Што е со децата кои немаат корка леб? Дали тие се среќни? Ах, а да не зборувам за луѓето кои скитаат по улиците барајќи храна и засолниште...

Каде е овде вашата љубов и грижа? Каде сте вие? Наместо планетата да биде пополнета со хуманост, добрина, таа е полна со луѓе кои се гладни за пари и моќ.

Наместо луѓето да си помагаат едни со други, тие ја искористуваат секоја прилика да се понижуваат и потценуваат. И што после тоа?

 Заминувате, го полните стомакот и велите дека пак сте гладни. Е дали тогаш сте се запрашале која е смислата на животот? Дали ја видовте суровата страна?

И, што би ве нахранило тогаш повеќе, лебот или вниманието и грижата?

Смислата на постоењето е денес, овде. И, да! Не грижете се, делејќи љубов, среќа и грижа нема да огладнете за пари.

Овие доблести се бесплатни, а сепак имаат моќ да усреќат многу, многу повеќе од скапите.

Бидејќи нема поубаво чувство од тоа токму вие да бидете причина за некоја среќа. Вие да ја цртате насмевката на тажните.

Секој е гладен за љубов. Но, вие може да го смените тоа. Па и кога стомакот ќе ви биде празен, барем ќе знаете дека не сте гладни за љубов, бидејќи како и да е таа ќе ви биде возвратена.

Верувајте!

Автор: Ана Михаиловска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg