Твојата поткошула здиплена, мојот градник фрлен во некој ќош, што намерно кога би сакала да центрирам не би ми текнало, а не би ми ни успеало. Твоите слим фит панталони повторно здиплени веднаш под твојата префинета, памучна маичка со темно сива боја, која го истакнува секој прекрасно извежбан мускул од твоето тело на бог...