Воздух со мирис на превриено кафе и соба полна спомени

Карневал на емоции, црвени жаришта и пеколни искри - ете такви бевме. Ти север - јас југ, ти исток - јас запад. Заедно го кроевме центарот. Цела галаксија во наши очи, цел свет во наши дланки.

vozduh-so-miris-na-prevrieno-kafe-i-soba-polna-spomeni-01

Додека светот ми ги отвораше мене вратите, ти чекореше напред. Успевав јас, славеше ти. Дејствуваше ти, се пробивав јас. Сè така и обратно, а заедно.

Со тебе светот стануваше место подносливо за живот. Ах, утрата ми беа извор на радост, а ноќите прибежиште на спокојство. Полна вреќа среќа и задоволство.

Љубов, многу љубов и безброј прегратки. Искрени чувства и голема поддршка. Ги голтам солзите, а емоциите ги одложувам за некој друг период. Далечен, многу далечен.

Се обидувам да продолжам понатаму, но воздухот сè уште мириса на превриеното кафе и разменетиот парфем. Пред очи сè уште ми ползи нашето среќно утре.

Ги гледам сите наши посакувани дестинации и многуте оброци исполнети со страст. Нашите ветувања и сите пребродувања.

vozduh-so-miris-na-prevrieno-kafe-i-soba-polna-spomeni-1.jpg

Во собата сè е розево, а розевата боја ми шепоти радост. Тивко ми шепоти таа упатувајќи ме кон три мили погледи чија радост станала смисла на нашиот живот.

Очите ми сјаат чувствувајќи го димот од цигарата која одново и одново ми ги исполнува белите дробови.

Го голтам правот за да не ѝ дозволам на душата да скрои чист почеток. Навидум несвесно го правам тоа.

Пред светот со леснотија ја ставам маската на Гуфи и верувам во подобро утре. Длабоко во себе всушност само чекам. Те чекам тебе бидејќи моево срце крај тебе лежи. Чекам борба и истрајност. Таков сакам да ми дојдеш.

Да ме зграпчиш силно и веќе никогаш да не ме пуштиш. Да ми кажеш дека сè ќе биде во ред и да продолжиш да ме гушкаш дури сонцето и месечината не излезат во исто време, а собата не престане да мириса на нашите спомени.

vozduh-so-miris-na-prevrieno-kafe-i-soba-polna-spomeni-3

Автор: И. Таскова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg