Писма од читатели: На што ни личи ноќниот живот во Скопје?
Отсекогаш се канев да го исплукам нашиов ноќен живот и еве ме конечно решив да седнам и да искуцам неколку работи.
Изгледа уште ме дрма атмосферата од вчера, за разлика од некој на кој уште му дрмаат „трзаници” од некое селско кафанче.
На што ни личи ноќниов живот? Буквално поделен на пола. На една страна се „технаџииве”, а на друга страна се „шабаните” и нели секако чат-пат мора да налеташ и на некое кремче.
Дали е нормално младината да е толку под влијание на музикава од нашите драги соседи? Никогаш не сум ја гледала поентата у „чаше ломим, руке ми крваре”?! И да, на таа музика се случува хаос.
Имаш неколку типа на луѓе, се надевам луѓево што ќе ја читаат статијава нема да се пронајдат.
Стегната плавуша од село стигната со авионски превоз до Скопје. Светка... и светка и пак светка и обавезно носи розеникав кармин и нели 689 кила пудра на фаца за не дај Боже.
Застанала пред веце и се кара со некој од друг град „Ти од кое село си дошол?!”, а дечково „Сељанко една, врати си се од кај што си дошла”. A на крај ќе излезе дека и двајцата се од исто село и за беља не се погодиле на корзото.
Стандард имаш дечко по рамбовка со скорпија или некој трајбл на неа, па раширено се движи со RedBull или евентуално кисела вода у рака, некад се дешава и да шмука нешто со цевка, додека e оптегнат на шанкот и шмека малолетнички од страна.
А да, го заборавив златниот ланец околу врат. Тетки, многу пијани тетки што најверојатно искачаат еднаш во годината и се пуштени како од ланец па се лепат на некој дечко што се нашол во дијаметар од 2 метра.
Чичковци - најверојатно разведени, изгубени во просторот, не знаат што се случува околу нив. Миризбата внатре во диското? Можеш да намирисаш кој што јадел тој ден, парфем и туш?
Ќе си се сакаме сите ќе си мирисаме на манџи и кромиди. По сепарињата нели секогаш има по некој пар ко да немаат дома, секогаш има по некоја девојка со кренат фустан и повраќаници околу нејзе и другарките што најверојатно ја оставиле и тресат газови на Сандра Африка.
Се префрлам на „технаџииве”, не знам ни ја зашто така ги пишав, подразбирам луѓе што слушаат секаков вид на електро музика. Спаѓам во тој кош веќе 3-4 години.
Убедување по дома да те остаат на журката до 6 сабајле. И да, тоа ми биле најубавите саати тој викенд. Сега веќе не ме ни прашуваат кога се враќам дома, навикнаа изгледа.
Електронската сцена почнува да се подобрува, колку-толку, има одредени клубови каде што може да се излегува стрикно со таква музика. И да - се знае кој иде таму, луѓе што стварно слушаат таква музика, добро некогаш знае да се деси да дојде некоја напукана у штикли и минич ама со тек на време сфаќа дека ја утнала журката.
Фини и насмеани луѓе, позитивна енергија и супер музика. Другиот несакајќи те бутнал, ти вика извини и да тука е моментот кај што можам да се префрлам на кремците.
Најчесто опашани на конопој со виски во рака и чекаат само некој по грешка да ги погледне и рипаат како млади мајмуни „Шо ме глеаш така?”. Како може бре да се замарате кој ве гледа додека сте искочени и треба да уживате во друштво и музика, ама не, некој треба да биде и виден.
Вратарите да не ги коментираме по дискотекиве, ми глумат лудило - до вчера он киснел на -10 пред врата 15 минути чекал да влезе, ама сеа е на другата страна му се може, ало бре не сум во Берлин, Скопје е.
Да се навратам на шабанарииве. 14 годишни девојчиња качени на сепариња се тресат во сред локал. Е, затоа ми е страв да имам ќерка, затоа. Ама најверојатно ќе се свестиме или скроз ќе отидеме, веројатно ќе престанат да се лепат плакати колку триумфална капија за Шабан, Саша Матиќ, Шемса, Адил и Мирослав Илич и СО ГОРДОСТ да ги најавуваат.
Останете ми со добро другари.
Автор: Ана Најдовска