Кој си бе ти? Или која си? Машко ли си, женско ли си? Што си ти? Од каде се појави? Што бараш ти овде меѓу нас? Зошто постоиш? Кој те создаде тебе на земјава за да го сотреш секој што Бог го создал?
Знаев така некогаш, да се загубам во музиката додека на маса со друштво смеа се крева. Знаев и да избегам со мислите подалеку од местото каде што се наоѓам...
Чуден ден, уште почудна ноќ, а по некое проклето и чудно чувство, почна да ме облева со пот. Да речев дека е чувство на среќа, ќе знаев да го опишам... Да беше тага, исто така... Но, не... Ова чувство имаше вкус на немир...
Ангелче мое мамино, те гледам како полека растеш и се радувам со тебе и со твоите мали и големи успеси. Се радувам за сите непроспиени и нервозни ноќи, ако, нека не спијам, само ти да си добро.
Те познавам одамна. Никогаш не те гледав како пријателка, ми беше само колешка. Набрзо откако те запознав, дознав за вас двајцата. За тебе и за сопственикот на фирмата во која работевме јас и ти.
Често како мал, пред Нова година, кога моите требаше да ми купат подарок, долго се двоумев. Имаше толку многу работи, толку многу различности, а работите изгледаа толку исто...
Желбите се само сенки на вистината. Ќе опстанат само ако фактите ги склопиме во едно цело, цело на преобразеното невозможно во возможно. Да бидеме жртва на нечија мисла, искажана со многу јад претходно да, но сега веќе не.
Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, во другиот град. Ќе си стават торба од проблеми, обврски, омраза и лаги...
Оваа година, за Бадник, татко ѝ не дојде дома. Многу често не вечераа заедно, но на Бадник не се случило никогаш, некој од семејството да не биде дома.
Пријателот е сенка, сопствена сенка од која колку и да се обедуваш да побегнеш секогаш ќе ти биде поблиска зад петици.
Не знам од каде да почнам. Обично се почнува од почетокот, но јас ќе почнам од крајот. Ме побара за сопруга. За празнициве. Ми даде прстен. Еве го носам, најчесто.
Има денови кога ентузијазмот ќе ми се вивне високо до облаците, да имам желба да го освојам светот и да ги срушам сите пречки од патот. Има денови кога се будам наутро, позитивно расположена...
Здраво. Знаеш која сум. Знам која си. Претпоставувам дека ме мразиш малку, но не те обвинувам за тоа. И двете цврсто ги убедуваме другите дека сме поубави, попаметни, позабавни... Но, секоја од нас, на крајот од денот кога е сама со себе се прашува дали тоа е навистина така.
„Јас сум поголема од вас“, реченица која често ја користам кога се обраќам со висок тон кон моите сестри. Јас сум поголем и потврд камен од вас, затоа мене обвинете ме кај мама и тато.
Ми се наближува роденденот. Сега по некое непишано правило треба да сум возбудена, среќна, исполнета... Ќе добијам честитки на телефон, ќе добијам искрени бакнежи, по некоја честитка на Фејсбук и по некој скромен подарок и што сега...
Во воздухот е пуштен вирус. Дишеме омраза и гнев, а сме имуни на тоа. Секој секому мисли како да го искористи, но не знаеме дека сите се исти. Секое лошо со лошо се враќа, а сите добри луѓе патат од злобата и канџите на волците.
И сега додека тешко дишам, додека болката во срцето ме пецка и секој момент мислам дека ми е последен, солзите ми се лизгаат по лицето, не можам да ги сопрам тие солзи што на страдање и жал потсетуваат.
Што е гладот? Дали можеби чувство кога стомакот е празен или пак чувство дека нешто недостасува иако стомакот е полн?