Вистинскиот момент за искрено простување е токму тука и сега

Сите имаме само еден живот и не вреди залудно да го трошиме на омраза, да потиснуваме гнев во себе кој со текот на времето не исчезнува, туку расте во целото наше битие и ни ја одзема животната радост.

vistinskiot-moment-za-iskreno-prostuvanje-e-tokmu-tuka-i-sega-01.jpg

На крајот на денот, чувајќи ги тие чувства во нашиот ум најмногу се повредуваме самите себе, а не луѓето кон кои тој бес, гнев и омраза се насочени.

Мораме да се научиме да простуваме, но тоа да го правиме вистински и искрено. Обичното „Во ред, ти простувам“ не е доволно и често е сосем неважно ако тоа навистина не го мислиме, не веруваме во зборовите кои ги искажуваме и не ја чувствуваме моќта на простувањето со секој атом од нашата душа.

Простувањето е убедување дека никој и ништо не може да ја наруши нашата ментална, духовна рамнотежа и никој и ништо не може да застане на патот на нашата среќа и чувство на духовна исполнетост и мир.

Потребно е да го пронајдеме изворот на мир и спокој во средината на нашето битие и да се ослободиме од непотребните грижи и деструктивни чувства.

Сепак, не треба да се превиди фактот дека простувањето не важи само за другите, тоа важи и за нас. Потребно е и самите себе да си ги простиме грешките кои сме ги направиле, погрешните избори и разочарувањата од минатото за да можеме да зачекориме по нов животен пат со сонце и спокој оросен.

Нема потреба да се криеме од сопствените грешки. Тие се составен дел од нашето патување низ страниците на книгата наречена живот. Тие се она што го обликува нашиот карактер, ни дава можност да созрееме, да се развиваме и да станеме подобри личности за другите и себе.

Бесполезно е да плачеме и да се обвинуваме поради лошите избори кои сме ги направиле, или пак, погрешните личности кои сме ги пуштиле да влезат во нашиот живот. Грешките не се тука за тоа во секој миг од нашето секојдневие да ги премотуваме во глава и да се сожалуваме над нашата судбина.

Тие се патоказ кој нè води кон тоа да се пронајдеме себе онакви какви сме, да ја пронајдеме суштината на нашето битие. Да ги откриеме сите наши доблести и маани, слабости и непокорливата сила која лежи во секој од нас.

Сите ние правиме грешки, несвесно или свесно, понекој лош избор, погрешен збор искажан во погрешно време. Сите водиме различни животни битки и жалиме поради одредени работи кои сме ги направиле, или за оние кои сме пропуштиле да ги направиме. Но само ние, со моќта на простувањето, ослободувањето и исцелувањето која лежи во нас ја имаме силата, моќта и начинот да го обликуваме денот што следи и да создадеме иднина каква одсекогаш сме посакувале.

Вистинскиот момент да почнеме искрено да простуваме е токму тука и сега.

Автор: Мими Георгиева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg