Кои сме ние, кои бевме и што ќе постанеме во иднина...?!

Чуден ден, уште почудна ноќ, а по некое проклето и чудно чувство, почна да ме облева со пот. Да речев дека е чувство на среќа, ќе знаев да го опишам... Да беше тага, исто така... Но, не... Ова чувство имаше вкус на немир...

zivotot-e-borec-za-pravda-revolucioner-vo-deneshna-saga-01.jpg

Мрак. Нема никој околу мене. Одам пеш по улицата како и секогаш, прав волк самотник. Одам и не забележувам што се случува околу мене.

Застанав да одморам.

„Проклета да бидам, одам веќе еден час!“ - си реков во себе и седнав на клупата во паркот.

Мирисаше на старо вино и по малку одекнуваше звук на нештимана гитара и една песна која страшно добро удира на спомени од оние стари добри времиња. Не се завртев да видам кој е, а и искрено не ме интересираше кој потпевнува во оваа глува доба.

Запалив цигара, повлеков дим. А, со димот уште милион мисли ми светнаа во умот. Се потрудив да се стабилизирам, но не можев.

Тие немирни мисли ми одекнуваа во глава. Помислив на сите оние денови кога и јас дремев со виното во рака и ја слушав гитарата, пеејќи некои песни од на мајка ми и татко ми младоста.

Помислив на сите планови кои ми пропаднаа во вода, онака несвесно, онака незабележливо.

Помислив што би направила кога би го вратила времето назад онака како на шега, дали ќе бев истата будала.

Што ако би знаела што ќе ме следи во животот понатака, со кои карти би одиграла кога би знаела како ќе заврши играта? Што ако залудно блефирам? Што ако залудно се надевам кога знам дека ќе изгубам...

Но, животот е борба, непркосен борец за правда, револуционер во денешна сага, бунтовник за подобра иднина, патник со багаж од милион искуства и наравоученија, патник кој со себе носи куфер од надежи и гревови.

Што ако никој не те сфатил онаков каков што си навистина? Што ако никој не продрел во тебе и те осознал онака до коска? Што ако баш секој мисли дека си обичен кретен или пак човек со мисла за некоја неправда?

Што ако на твојата добрина гледаат како на храна за преживување? Што ако те гледаат како на ситна риба, не знаејќи дека си ајкула? Што ако под твојот оков, лежи човечка искрена душа? Што ако не си ти како сите нив? Што ако си поинаков?!

Премногу тешки прашања, за кој ни најтешкиот филозоф, ниту најголемиот интелектуалец не би нашол одговор. А, камоли јас...

Обична ситна рипка во општеството, обвиено во неправда и неслога... Обичен стихотворец за случките во реалноста. Премногу тешки прашања за да можеш да ги одговориш со неколку дима од цигара.

Доволно е тешко прашањето: Кои сме ние, кои бевме и што ќе станеме во иднина, доколку опстанеме во оваа савана каде секој те гледа како парче храна.

Ја фрлив цигарата и реков: Не е чуден денот, ниту ноќта, ниту чувството во мене. Чуден е светот...

Чудни се постапките на битијата.

Автор: Марија Прличкова - Синдерфакинрела

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg