Ме гази тежината на платнено - пластифицираниот куфер. Ме убиваат тие мали тркалца, тој нивен проклет иритирачки звук. Тие го уништуваат сјајниот аеродромски мермер, но и мене ме кинат на милијарди делови, ме сечат и ме праќаат онаму каде излез не постои...