Твоето место не е таму, остани!

- Нема да бидеш негова, моја ќе бидеш  - ми ја повлече раката, а зениците ги стегаше гневно фрлајќи низ нив искри на лутина.

tvoeto-mesto-ne-e-tamu-ostani-01

- Твоја? Сега сум твоја? А ќе ми одговориш ли каде беше додека моите желби за тебе пропаѓаа во вода поради твојата висока суета и минимална интрига кон моите чувства?

Дали забележа на кој начин јас се борев против себеси за да те заборавам, да те избришам од сеќавањата, да се убедам дека мора да се откажам? Ја прочита ли таа болка која го напаѓаше секој дел од мојот организам? - зборував строго стискајќи ги солзите да не течат врз моите заруменети образи.

Се откажав. Не е исто. Не го сакам сè уште, но го имам неговото внимание.

Не е најубав можеби ниту поубав од тебе, но има далеку посовршена душа. Позрело сфаќање. Види го, дури и сега додека стојам со тебе ме гледа со страв во очите дека може да ме изгуби. А ти, ти никогаш не го забележа оној мој страв дека ќе те изгубам иако никогаш не те ни имав. Доцна е, сите се променивме.

tvoeto-mesto-ne-e-tamu-ostani-3.jpg

- Но, јас сфатив. Сега сфатив дека за љубовта не треба да се чека. А чекав. Предолго чекав и се надевав. Најмногу се плашев да не бидам одбиен, да не бидам повреден. Требаше време да се убедам себеси дека мора да ризикувам ако сакам да добивам. Мислев дека не те заслужувам. Не сакав да страдаш поради мене, па се обидував само да те истерам некаде далеку од моево срце.

Се лажев и себе, и тебе и сите околу мене. Погледни ме - го сврте моето бледо лице кое ја смени бојата од неговиот допир - лажго бев, кукавица, клошар бев. Речи што сакаш. Сè ми доликува. Само не викај дека не те сакам, малечка.

За мене светот запре од денот кога за првпат го пресретнав тој океански поглед со тажен сјај. А сега оди, ако така е подобро за тебе.

Но, бидејќи знам дека после ова твоето место не е таму, ти велам, остани!

tvoeto-mesto-ne-e-tamu-ostani-4.jpg

Автор: Кристина Цонкинска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg