Да ти раскажам ли приказна која досега ја немаш слушнато?

Ме гледаше сонливо и со полуподигнати трепки направи напор да ме слуша. Како да кажам, никогаш не сум видела поубава приказна од оваа до мене.

da-ti-raskazam-li-prikazna-koja-dosega-ja-nemas-slusnato-01

Никогаш не се уморив да ја раскажувам, да се збогатувам повеќе од ден на ден со тоа што ја имам, мојата бајка волшебна покрај која сонував будна. Знаев дека сакаше да ја чуе. Нетрпеливо ги триеше очите трудејќи се да ја совлада дремката над неговите очи.

Повторно фантазирам, си мисли. Повторно со моите налудничави поетско настроени идеи, кројам, шијам, крпам приказни, слики редам. А далеку од тоа. Немав намера да создадам, сè беше веќе одамна сплотено. Само што на некој начин, па и немав храброст да зборувам за тоа.

„Депресивна си мила, напиши нешто среќно, нешто наше. Доста заглавуваш во твоите расплакани светови. Среќна си, среќни сме“.

Не знам колку ми требаше, можеби дел од секундата за да сфатам дека џабе ќе ја трошам хартијата на листот, кога моите раце се поспособни, моите усни се пореални, а мојата љубов од ден на ден, понеискажлива.

Мажот кој беше до мене беше универзумот со кој јас се запознав еднаш неодамна, а почнав да го љубам како многу одамна. Го погледнав и веќе знаев. Веќе и тој знаеше дека доволно е само да ја исполниме тишината со ткаенините на нежниот допир, за сè да ни стане јасно.

Моите усни почнаа да раскажуваат, чудно е што секогаш си го наоѓаа парчето од сложувалката кое на другата страна совршено го дополнуваше. Дланките пишуваа нови слогови, идилично подредени.

da-ti-raskazam-li-prikazna-koja-dosega-ja-nemas-slusnato-1.jpg

Импровизирав, составував. Некако не бев толку немирна и нестрплива како кога го држам моливот и милионите истуткани ливчиња хартија. Овој тек на настаните знаеше само да ме смири. Знаев да одлутам во илјадници светови кога јас умеев да ги раскажувам чудесните маани на оваа бајка кои толку многу ги сакав, така што без нив сè некако ми беше недополнето.

Mенував секој ден по еден нов детаљ, едно праменче од неговата кадрава кратка коса, еден нов допир со врвот на другото прсте. Сето тоа ме правеше целосна, онака баш ме враќаше во живот.

Фактот дека не моравме да менуваме цели пасуси за да се продолжи нашиот роман, го зацртав во умот, а го водев по срцето. Секогаш беше истото, а постојано имаше нешто различно. И во тоа беше суштината.

Јас му раскажував една иста приказна, а тој секогаш со нетрпение исчекуваше да ја слушне.

Автор: Кристина Цонкинска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg