Погледни го портретот на твојот живот

Што е тоа што го гледаш? Понекогаш за да го најдеш она по што мечтаеш, за да го доживееш својот живот од бајките треба да погледнеш околу себе, треба да погледнеш во сенките под површината на очигледното.

pogledni-go-portretot-na-tvojot-zivot-01

Можеш ли да го видиш? Погледни поблиску. Не гледај далеку и не бегај. Не ја губи вербата тоа е само живот, не треба да те плаши.

Но, сепак, тоа нема да биде вистинската приказна. Нема, ако не бидеш свој, ако ставиш маска, ако се трудиш да се вклопиш во нечија туѓа визија, ако наместо да бидеш ти се претвориш во нешто што другите очекуваат од тебе да бидеш.

Вистинската приказна е едноставна. Приказна за родители и деца, за љубовта, за животот, времето и промените.

Тоа е приказна која има своја историја и поглавја кои допрва треба да се напишат. Тоа е нешто што се крие во длабочините на твоето срце, тоа е облеката на твојата душа.

pogledni-go-portretot-na-tvojot-zivot-1

Мислиш дека можеш да поминеш низ сето тоа, да започнеш ново поглавје во книгата на животот без каење, сочувство и љубов. Да ги избришеш чувствата, сеќавањата, зборовите.

Нештата кои си ги сторил или оние кои си пропуштил да ги направиш, без да се изгориш од пламенот на судбината, но не. Тонеш сè подлабоко и го забораваш патот кој води кон излезот од вртлогот на твојата потсвест.

Ја гаснеш жедта за спокојство со немир. Ја сокриваш вистината пред другите, а најмногу пред самиот себе негирајќи ја кристалната присутност на сомнежот и последиците на твоите дела, начинот на кој тие ќе ја афектираат околината и луѓето шти ти значат.

Тогаш сети се дека светлото е секогаш на крајот од тунелот, само треба да се потрудиш доволно силно и повторно ќе го пронајдеш.

pogledni-go-portretot-na-tvojot-zivot-2

Алберт Ками напишал „благословени се срцата кои се попустливи, тие никогаш нема да бидат скршени“.

Па, се прашувам ако нема скршени срца, тогаш нема ниту исцелување, а ако нема исцелување нема ниту учење, кога нема учење нема ниту борба.

Но борбата е дел од животот и сечие срце барем еднаш мора да биде скршено. Тоа е тркалото на животот, она што не прави послини, ни подарува искуство, верба и копнеж по новото утре.

Автор: Мими Георгиева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg