Почнувам да кризирам кога немам алкохол до мене или цигара, било што само нешто да се мота од мојата рака до моите усни. Пијам, и нема зошто да го кријам тоа, пијам за тебе, за мене, за тоа што бевме ние и за тоа што очајно посакувавме да бидеме. Совршен пар, љубов, страст и некоја необјаснива поврзаност...