Не сум за такви како тебе!

Јас сум независна жена со желби и амбиции, не сум за такви како тебе кои чекаат други да им дадат совет што да превземе во животот, за такви кои се задоволуваат со малку.

ne-sum-za-takvi-kako-tebe-01.jpg

Јас сакам со цело срце или воопшто не сакам, не сум за такви како тебе кои искажуваат љубов насамо!

Јас кога сакам почитувам не навредувам и ти си ми приоритет, не сум за такви како тебе кои имаат милион приоритети а партнерката трпи за тоа!

Јас треперам за секоја твоја болка, па макар и да е убод од пчела, не сум за такви како тебе кои би го оставиле партнерот да лежи болен за да шетат!

Јас плачам кога ќе ме изнервираш, не дека сум плачка по природа туку затоа што премногу време бев силна, не сум за такви како тебе кои знаат што ме нервира и упорно го прават тоа!

Јас кажувам глупости кога ме вадиш од такт, не сум за такви како тебе кои ме доведуваат до оваа состојба!

Јас живеам за тебе и секој слободен миг сакам да сме зедно, не сум за такви како тебе кои слободното време си го резервираат за себе!

Јас се потрудив да се променам, се прекроив по твоја мерка, но не сум за такви како тебе кои бараат многу, а ништо не даваат!

Јас сум себична, не сум за такви како тебе кои го делат срцето со многу други!

Јас сум љубоморна, не сум за такви како тебе на кои им е сеедно каде сум и што правам!

Јас врескам кога си со другарите затоа што сум сама, не сум за такви како тебе кои никогаш не биле сами!

Јас сакам да сме НИЕ, се да делиме, не сум за такви како тебе кои се волци-самотници!

Јас секоја одлука ја носам со тебе, не сум за такви како тебе кои праваат што сакаат!

Имам еден куп маани, но не сум за такви како тебе кои се рекордери во маани!

Автор: Марина Дојчиноска Манасиева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg