Каде ни отиде разумот?

Изморена сум, a сè уште сум на почетокот. Се гушам. Просторијава е премногу тесна. Влијанието кое го создава мислата за подобро утро се побргу и побргу ја стеснува. Го затвара кругот на фантазијата.

kade_ni_otide_razumot-01.jpg

Ја носи во заборав мечтата која всушност ни претставува единствена трошка надеж за смислата на животот. Исчезнува.

Се подлабоко во длабочината на океанот каде притисокот влијае негативно на популацијата.

Зошто човековата свест сè почесто исчезнува? Зошто секогаш одиме по патот на механичкото размислување, наместо да се обидеме со користење на разумот, односно бескрајната мудрост која блика како утринското сонце?

Дали е тоа поради стравот да не го истрошиме разумот, или поради нестабилноста на нашата перспектива за подобра иднина?

Секој би рекол дека не постојат одговори за овие прашања и со самото тоа луѓето искажуваат дека или им е страв да не останат без “мозок„ или не размислуваат воопшто.

Едноставно кажано во нашиот крај: “Го пуштиле мозокот да паси„. Исклучени се целосно и не им е воопшто важно дали светот во кој живеат е обоен во розово или црно, дали во него постои радост или тага.

Статистички гледано би можело да се потврди дека 70%  од населението го практикува вториот, бизарен начин на гледање на светот.

И останува поставеното прашање: „Во што е проблемот за таквото размислување на популацијата?

Дали е тоа поради не соодветната компјутеризација? Или пак, поради несигурноста дали воопшто би постоел подобар свет?

И да... Не е ниту поради компјутеризацијата, ниту поради не соодветната комуникација.

Тоа е всушност мудроста. Таа претставува лулка составена од нишало или поточно надежта за да се створи нешто сосема ново, но без знаење дали ќе биде успешно. Статика или максималната веројатност за еден чекор нанапред и обрач. довербата дека си на вистински пат.

И токму тој волшебен збор составен од три сфери на носталгија и самодоверба успева да ја пробуди човековата свест која е закржлавена, заборавена некаде во темнината.

Во животот подобро е да се размислува и фантазира под влијание на мудроста отколку да се поставиме на фактот на механичко создавање на илустрација на животот.

Автор: Александра Станчева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg