Дозволи ми да бидам своја

Не барам да ми ги симнуваш ѕвездите, ниту пак 101 ружа за мојот роденден. Не барам скапи подароци кои ќе ги ставам во некое ќоше од мојот дом. Не барам да си посебен и секојдневно да ми докажуваш колку ме сакаш.

dozvoli-mi-da-bidam-svoja-01.jpg

Доволно е да ми дозволиш да бидам своја. Барам да ме прифатиш онаква каква што сум, да не ме менуваш. Дозволи ми да бидам дете во твоите прегратки, да пеам кога сум среќна, да молчам кога сум тажна.

Дозволи ми да ја предложам глупавата идеjа која ми се мота долго време во глава. Не мора да ја прифатиш, доволно е да ме сослушаш. Дозволи ми да фантазирам на глас, а потоа придружи ми се во фантазиите.

Немој да го скротуваш детето во мене, те молам, дозволи му да живее. Тоа дете ме води низ животот. Дозволи ми да се глупирам во јавност, да викам на цел глас дека ти си мојата љубов. Дозволи ми да трчам по дождот, да одам боса по тревата на изгрејсонце.

Дозволи ми да ги следам своите соништа. Дозволи ми покрај тебе да изградам нови, кои заедно ќе ги следиме. Дозволи ми да бидам своја пред тебе, без криење. Да можам без срам да го правам она што ме исполнува.  

Биди покрај мене кога сум среќна, кога сум тажна, кога сум детинеста и сериозна. Биди покрај мене и верувај во моите соништа. Помогни ми да бидам тоа што сум. Немој да пробуваш да ме скротиш по шаблон на општеството. Сакај ме таква посебна. 

Не труди се да ме сместиш во ова модерно време. Не е ваква романтична душа за овој метеж. Дозволи ми да изградам нов свет, само за нас. Дозволи ми да те водам низ мојот свет. Дозволи ми да бидам своја и ќе бидам засекогаш твоја.

Автор: Д. Х.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg