Приказната за него

Почнувам да кризирам кога немам алкохол до мене или цигара, било што само нешто да се мота од мојата рака до моите усни. Пијам, и нема зошто да го кријам тоа, пијам за тебе, за мене, за тоа што бевме ние и за тоа што очајно посакувавме да бидеме. Совршен пар, љубов, страст и некоја необјаснива поврзаност.

prikaznata-za-nego-01.jpg

Колку само се посакувавме, само поглед беше доволен да се разбуди страста помеѓу нас, само збор за да сфатиме колку копнееме еден по друг.

Се сеќаваш, јас, ти, придушена светлина, и музика. Двајцата голи, отворени еден пред друг, секое делче од душата и телото на виделина. Не можевме да се лажеме бидејќи се знаевме дури премногу добро.

Бевме совршена копија еден на друг, бевме како создадени еден за друг, бевме како две делчиња од сложувалка кои совршено се совпаѓаат. Двајцата жедни за малку љубов, после неколку разочарувања, како уморни патници кои седнале да воздивнат. Патници кои не забележуваат ништо друго освен местото каде што можат да се одморат.

Бегавме од обврските заедно, ја разгорувавме страста и се препуштавме на емоциите, на она што ни носеше мир во душата. Водевме љубов со часови, без престан, точно знаев што те полудува, а ти точно знаеше каде да ме допираш. Се знаевме толку добро, што немаше потреба од инструкции, едноставно ќе се погледневме и знаевме што следува.

Водевме љубов како љубовници, а не како пар, бидејќи адреналинот беше на повисоко ниво. Водевме љубов како да ни е последен пат, како да ќе треба во зорите секој да си се врати кај својот сопружник.

Поминавме низ се, пребрзо но поминавме, ја доживеавме кулминацијата на нашата врска. Страста, љубовта се помина толку брзо и никогаш не се појави почитувањето, тоа што најмногу ни фалеше. Се доживувавме како љубовници, како странци кои сексуално се привлекуваат, како луѓе без самопочит.

Никогаш не те третирав како маж, ниту пак ти мене како жена. Никогаш не те гледав како човекот со кого ќе го поминам целиот живот, за мене беше само една станица од долгиот пат. Ние бевме само пополнување на празниот простор, утеха еден на друг, залудно трошење време. Не бевме ние создадени за да почитуваме некого, не бевме создадени за љубов.

Всушност бевме себични, бевме користољубиви, бевме егоцентрични. Гледавме да си ја задоволиме својата страст, и не ни беше грижа за ништо друго. Свесно грешевме, свесно се повредувавме, но такви си бевме ние, кога ќе легневме во креветот заборававме на се што сме си направиле. Сексот ни беше основен темел, а за другите елементи од врската ако остане време. Не ни беше грижа што повторно ќе се повредиме, што утрото пак ќе си ги кажеме сите можни пцовки, единствено важно ни беше да се опијаниме и да се впуштиме во уште една ноќна авантура.

Сега кога приказната заврши, кога ја снема страста, кога остана само болката, сфатив што пропуштивме. Сфатив дека сами го уништувавме тоа што упорно се трудевме да го изградиме, дозволивме да заврши.

Автор: Д.Х.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука! 

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg