Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до денес не е познато што се случило со неа.
Обично во крими филмови, серии и книги има разрешница на злосторствата бидејќи гледачите (и читателите) тоа и го очекуваат.
Во реалноста, некои случаи сепак остануваат нерешени, дури и ако се случиле во околности за кои мислите дека виновникот е очигледен.
Неколку вакви случаи од кои ќе ве полазат морници:
Убиството на Патрис Ендрес
На 15-ти април 2004 година, околу 11:30 часот, фризерката Патрис Ендрес исчезнала од нејзиниот фризерски салон во град во Џорџија, САД.
Во салонот на тогаш 38-годишната Патрис биле пронајдени клучевите од нејзиниот автомобил, но автомобилот не бил на паркингот.
Полицајците утврдиле дека биле украдени и пари.
Неколку месеци подоцна, на 6-ти декември 2005-та, било пронајдено нејзиното мртво тело, а од раката ѝ бил одземен венчалниот прстен.
До денес, повеќе од 20 години подоцна, никој не знае кој ја киднапирал и убил Патрис.
Некои веруваат дека убиецот е нејзиниот сопруг, но други се сомневаат во сериски убиец кој тој период извршил неколку убиства во областа каде што се наоѓал салонот на Патрис.
Киднапирањето на Хедер Тиг
Во средношколските денови, Хедер Тиг била одлична ученичка, играла кошарка, пишувала поезија и планирала да студира психологија.
Откако завршила средно, решила некоја година да направи пауза пред да се запише на факултет.
Но, до 23-годишна возраст, почнала врска со маж 20 години постар од неа, а покрај него почнала да користи и дрога.
На 26-ти август 1995 година, Кети се сончала на плажа покрај река во Кентаки, САД.
Од другиот брег на реката, момче по име Тим Валтхол разгледувал наоколу со својот телескоп, кога видел како маж ѝ се приближува на Кети.
Ја грабнал за коса и ја извлекол од плажата. Според Тим Валтхол, мажот имал и пиштол.
Оттогаш, на Хедер ѝ се губи секоја трага.
Тим веднаш пријавил во полиција, по што почнала потрага со кучиња и хеликоптер но не успеале да најдат ништо.
Биле испрашани дечкото на Хедер и сите луѓе кои имале контакт со неа, но истрагата стоела во место.
Во автомобилот на еден од осомничените биле најдени пиштоли, јаже, леплива лента и гумени ракавици, но никогаш не биле собрани доволно докази.
До денес, случајот за исчезнувањето на Хедер е отворен и никој нема претстава кој ја грабнал и дали воопшто е жива.
Исчезнувањето на Мајкл Дунахи
Во март 1991 година, исчезнал 4-годишниот Мајкл Дунахи од училиштен двор во Канада.
За време на викенд, Мајкл со родителите отишол во локално основно училиште каде имало фудбалски тренинг каде татко му бил дел од тренерите.
Семејството пристигнало на училишниот паркинг околу 12:30 часот, а Мајкл ја прашал мајка му дали може да отиде на игралиштето каде што се одвивал тренингот, во непосредна близина на пакрингот.
Мајка му му дозволила, но подоцна има изјавено дека како да чувствувала дека нешто не е во ред.
Таа му рекла на Мајкл да седне на клупите на игралиштето и таму да го почека татко му.
Неколку минути подоцна, татко му отишол на игралиштето, но од Мајкл немало ни трага ни глас.
Околу 50-тина луѓе кои биле таму веднаш почнале да го бараат малото дете, а родителите ја информирале и полицијата.
Потрагата по Мајкл до денес е една од најголемите што биле спроведени во Канда, но залудно.
Бидејќи детето исчезнало за краток период, полицијата била сигурна дека станува збор за киднапирање, а додека траела потрагата, добивале стотици повици од луѓе кои се сомневале дека го виделе детето.
Биле интервјуирани сите луѓе со криминално досие, како и сите луѓе кои живееле во областа каде што исчезнал Мајкл.
Но, не добиле никакви информации.
Низ годините имало уште бројни дојави за забележување на Мајкл, но ниту една не вродила со резултат.
Случајот до денес останува отворен, а семејството на Мајкл уште се надева дека можеби ќе го види жив.
Исчезнувањето на Ајла Рејнолдс
Уште еден морничав случај со исчезнато детенце.
Ајла Рејнолдс имала само една година (19 месеци) кога исчезнала од нејзиниот дом во Мејн, САД.
На 16-ти декември 2011 година, член од семејството го заспал девојчето во неговото креветче.
Следното утро кога татко ѝ отишол да ја провери, Ајла не била во креветчето.
Тој период, Ајла живеел со татко ѝ, а бидејќи мајка ѝ била прва осомничена, таа тврдела дека била на пат кон центар за рехабилитација поради зависност од дрога.
Ноќта кога Ајла исчезнала, во куќата биле татко ѝ, неговата девојка и неговата сестра.
Во куќата, пак, била најдена крв која се покажала дека е на девојчето.
Немало доволно докази за да се потврди вината на мајката или таткото на Ајла, ниту пак на другите кои биле во куќата.
Но, некои веруваат дека татко ѝ сепак имала некаква вмешаност.
Во 2017 година, властите ја прогласија малата Ајла за мртва, иако телото не е најдено.
Спирова С. | Црнобело