„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни приказни за разводи

„Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, го излажав дека го изневерувам со години. Но, мојата лага имаше спротивен ефект - тој извади фотографија со жена и мало дете, кое беше негова копија и ми призна дека има вонбрачен син“.

se-zapoznavme-vo-sud-dodeka-chekavme-da-se-razvedeme-i-vekje-17-godini-sme-zaedno-neverojatni-prikazni-za-razvodi-01.jpg

Пред свадбата, најголемиот број луѓе веруваат дека бракот ќе им трае до крајот на животот, а личноста со која се венчаваат е нивната единствена и најголема љубов.

Но, понекогаш љубовта исчезнува, почнуваат проблемите, се вмешува некоја трета личност, или, едноставно, сликата што едниот партнер ја имал за другиот не била реална, па тие веќе не сакаат да се во брак.

Разводот не е никогаш лесен. И ако не е спогодбен, може да ја уништи и онаа мала поврзаност што постои меѓу луѓето кои некогаш се сакале.

Многу луѓе ги споделуваат своите искуства поврзани со разводот на социјалната мрежа Quora.

se-zapoznavme-vo-sud-dodeka-chekavme-da-se-razvedeme-i-vekje-17-godini-sme-zaedno-neverojatni-prikazni-za-razvodi-04.jpg

Тие се доказ дека постојат секакви ситуации додека трае разводот - лоши, добри, мачни, чудни, но и смешни:

„Отидов во судот да се разведам, но мојот сопруг не се појави. Дојде само неговиот адвокат. Нè разведоа по службена должност и кога се потпишав, адвокатот на поранешниот маж ми рече: ‘Сакаш ли да одиме заедно на ручек?’.

Сите во судницата замолчеа, го гледаа и се зачудија, а судијката праша зошто ме кани на ручек.

‘Тоа е најмалку што можам да го направам, зашто мојот клиент цело време инсистираше таа да потпишува секакви документи, да се откаже од многу работи, ја провоцираше, ја малтретираше психички, а на крај реши да не дојде, туку ме испрати само мене. И да бидам искрен, плаќа премалку за моите услуги. Јас комуницирав повеќе со женава, отколку тој’ - рече адвокатот.

‘Одете на ручек и порачајте го најскапото јадење на менито, на сметка на поранешниот маж’ - рече судијата на тоа“.

„Додека чекав во судот да се разведам, бев сам, бидејќи мојата сопруга не се појави. Во ходникот имаше уште неколку луѓе кои чекаа, а меѓу нив и жена која беше во иста ситуација како мене - се разведуваше, а сопругот не се потрудил да се појави.

Во еден момент ни кажаа дека судијата ќе прави пауза за ручек, па ѝ предложив на жената да испиеме кафе да ни помине времето.

На крајот на денот, двајцата бевме официјално разведени, по што повторно отидовме на кафе. Оттогаш поминаа 17 години, а ние сме во брак и имаме две прекрасни деца.

А тие знаат како се запознавме и често се смееме на таа приказна“.

se-zapoznavme-vo-sud-dodeka-chekavme-da-se-razvedeme-i-vekje-17-godini-sme-zaedno-neverojatni-prikazni-za-razvodi-03_copy.jpg

„Со сопругата живеевме во хармонија 5 години, но еден ден таа ми кажа дека веќе не ме сака и дека сака да се разведеме. Поднесовме документи за развод, а таа веднаш ми кажа дека нашла нов стан во кој ќе живее.

Еден ден дојдоа неколку работници кои ги пренесоа нејзините работи во новиот стан, но и еден дел од мебелот.

Три часа подоцна таа ми се јави: ‘Ќе го вратам плакарот од спалната, не ни се вклопува со бојата во станот’.

Во тој момент дознав дека таа пред 6 месеци запознала друг маж, се заљубила и затоа барала развод. Решиле да се вселат во неговиот стан, ама бил нов и скоро празен, па затоа на мојата бивша ѝ требал мебелот.

Ама, по ова се чувствував подобро, зашто ми се разјаснија многу прашања кои си ги поставував, а најважното од нив беше - Што направив за да посака да се разведеме?

Но, се чини ништо не било моја вина“.

„Со сопругот се разведовме во време кога нашата ќерка имаше само 3 месеци, а јас сè уште ја доев.

Пред да потврди дека сме разведени, судијата го праша мојот сопруг дали има нешто да ми каже или да ме праша.

А тој веднаш ме нападна: ‘Не сакам да живееш на моја сметка, зошто не сакаш да работиш, туку морам сè јас?

После ова, судијата веднаш ги потпиша документите.

se-zapoznavme-vo-sud-dodeka-chekavme-da-se-razvedeme-i-vekje-17-godini-sme-zaedno-neverojatni-prikazni-za-razvodi-02_copy.jpg

„Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас бев среќна што барем немам деца со него. Но за да го испровоцирам, му кажав дека го изневерувам со години, иако тоа не беше вистина.

Мојата лага имаше спротивен ефект. Тој извади фотографија со жена и мало дете, кое беше негова копија.

Ми призна дека има дете со друга жена и дека секој викенд со години оди да ги види, бидејќи живеат во друг град.

Понекогаш одел и преку недела и останувал по 2-3 дена и тогаш сфатив дека за цело време додека мислев дека е на службен пат, тој бил кај своето вонбрачно семејство.

На крајот се повредив самата“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg