Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле

„Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и требаше да оди во друга држава. Но, таму сретнала некој друг и му побара развод преку мејл. Беа во брак само два месеца“.

lugje-koi-ne-izdrzhale-ni-pola-godina-vo-brak-otkrivaat-zoshto-se-razvele-01.jpg

Иако разводите не се така честа појава, паровите се заедно барем неколку години пред да им се влоши односот или пред да сфатат дека сепак не се ден за друг.

Но, некогаш бракот не трае ни половина година бидејќи има работи кои некои луѓе не можат да ги простат.

На Редит, неколку корисници споделуваат свои искуства за вакви бракови:

„Веднаш откако се венчавме, поранешниот сопруг стана посесивен и насилен. Не ми дозволуваше да зборувам со никој, ниту да одам на работа или да излезам од дома.

Потоа почна да ми вели дека мора веднаш да добиеме дете. Штом ми се укажа можност, го оставив“.

„Поранешниот сопруг на братучетка ми изгледаше како добар маж. Но, како што се вратија од медениот месец, тој ѝ даде листа со обврски кои требало да бидат нејзини.

Повеќето беа работи како чистење и готвење, но листата стануваше и морничава. Од неа бараше да прекине контакт со нејзиното семејство, да не се гледа со пријателите и да не излегува без негов надзор“.

„17 дена по свадбата, открив дека се допишува со друг маж, а се венчала со мене бидејќи имам добро здравствено осигурување, а таа имаше некои проблеми со здравјето“.

lugje-koi-ne-izdrzhale-ni-polovina-godina-vo-brak-otkrivaat-zoshto-se-razvele-03.jpg

„Накратко, за времена медениот месец, дознав дека ме изневерува“.

„Имав другарка која се разведе по само неколку месеци. Беше опседната со свадбата и идејата дека тој ден ќе биде принцеза. И, воопшто не се трудеше за бракот, па се разведоа.

Повторно се венча само 14 месеци по разводот, направи уште една голема свадба, уште пред да ја исплати првата. Не знам дали е уште со вториот сопруг“.

lugje-koi-ne-izdrzhale-ni-polovina-godina-vo-brak-otkrivaat-zoshto-se-razvele-02.jpg

„Бившиот сопруг беше војник и се венчавме една недела пред да го стационираат во Јапонија. И, таму забременил некоја девојка“.

„Ова ѝ се случи на баба ми. Откако починал дедо ми, сфатила дека сака партнер, па почнала да се гледа со маж што го познавала одамна.

Кога се венчале, тој очекувал таа да му чисти, да му готви… Баба ми не планирала да биде нечија слугинка, па го оставила само еден месец по свадбата“.

„Поранешна сопруга ме запроси, а јас бев млад и глупав и ѝ реков ’да‘. Три месец по свадбата, ме остави без објаснување, и тоа на Божиќ“.

lugje-koi-ne-izdrzhale-ni-polovina-godina-vo-brak-otkrivaat-zoshto-se-razvele04.jpg

„Најдобрата другарка на мојата сопруга се венча во октомври 2021-ва. До јануари следната година се дозна дека сопругот бил зависен од опијати и имал огромни долгови.

Ова ги искомплицира нештата и таа веднаш се разведе од него“.

„Мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и требаше да оди во друга држава.

Но, таму сретнала некој друг и му побара развод преку мејл. Беа во брак само два месеца“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg