Мажи ги споделуваат морничавите работи што им ги направиле жени и бивши девојки
„Една девојка со која не бев во никаква врска, некогаш влегуваше во мојот двор и ме гледаше преку прозорецот“.
Статистички гледано, оние кои напаѓаат или вознемируваат некого, почесто се мажи.
Но, тоа не значи дека нема луѓе кои не се соочиле со нешто морничаво од жена, без разлика дали им била пријателка, девојка, познаничка или воопшто не ја познавале.
На Редит, неколку мажи ги споделуваат нивните морничави искуства со жени и бивши девојки:
„Отидов на неколку состаноци со полицајка. Една вечер ме праша дали сум слободен – ѝ реков дека имам планови.
Вечерта додека возев кон куќата на пријател, ме застана полицаец и, погодете кој беше. Ме праша зошто сум ја лажел дека имам планови кога очигледно сум слободен. Беше навистина морничаво“.
„Една девојка со која не бев во никаква врска, некогаш влегуваше во мојот двор и ме гледаше преку прозорецот“.
„Имав бивша девојка која пробуваше да ме убеди дека убила нејзин поранешен дечко“.
„Пред околу година, ми пријде девојка во ресторан за брза храна. Ми рече дали сум сакал да се дружиме и ѝ реков не. Ме праша уште неколкупати и јас ја одбивав. На крај проба и да ме бакне, но успеав да ѝ избегам“.
„Имав кратка врска со многу религиозна девојка откако завршив средно. И таа и нејзиното семејство веднаш почнаа да ме притискаат да ја прифатам нивната вера за да сме се венчале што побрзо“.
„Седум години откако раскинавме, доаѓаше кај мене на работа, дома, додека пазарев во продавница, за да ме моли да ѝ простам што ме изневери“.
„Девојка со којашто се гледав дојде на полноќ кај мене, ѕвонеше на ѕвончето и тропаше на вратата со сета сила бидејќи не сум ѝ одговарал на пораките. Спиев“.
„Како Афроамериканец, најморничаво ми е кога некоја (бела) девојка ќе ми рече дека сакала да има бебе со мешана раса од мене“.
„Се гледав со девојка која дојде пред мојата куќа и низ прозорецот го фрли нејзиниот телефон бидејќи таа вечер не сум ѝ се јавил“.
„Мој пријател имаше девојка и откако раскинаа, таа почна да ми пишува мене. Стануваше јасно дека сака нешто повеќе.
Но, ѝ кажав дека не сум заинтересиран и не сакам да си го расипам односот со пријателот. Сепак, таа извесен период доаѓаше на моето работно место за да ми кажува како требало да бидеме пар…“
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





