Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолжувам да собирам уште“
Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно, со кое го воодушевува светот.
Лорета Квинси ја добила својата прва кутија Лего кога имала седум години.
Таа ги сакала лего коцките и собирањето станало нејзина страст, дури и откако пораснала и имала свои деца.
Таа неодамна изјавила дека има неколку стотици илјади парчиња лего, што ги собирала низ годините и сега ги чува во нејзиниот дом.
Па од нив, оваа мајка на три деца решила да направи две куќички за кучиња во природна големина, за секое од нејзините миленици, Ози и Бејли.
„Отсекогаш сакав да изградам работи во кои ќе може да влезат моите деца, но потоа почнав да го правам ова за моето прво куче, Ози, а тој го сакаше тоа“, вели оваа жена.
Таа за SWNS изјавила дека за да изгради голема куќа за кучиња, ѝ се потребни околу три недели работа и тоа од три до четири часа на ден.
„Не ја користам трпезаријата, па ја извадив масата и таа сега стана мојата лего соба“, изјавила Лорета.
Најголемата куќичка за кучиња што некогаш ја изградила била висока околу 2 метри и широка повеќе од 1,5 метар – доволно голема за во неа да може да застане и да легне.
На прашањето колку лего коцки има, таа проценила неколку стотици илјади, но се пошегувала дека би сакала некој доброволно да ги изброи сите.
„Колекцијата сè уште расте. Секој Божиќ добивам уште една или две кутии“ - додала таа.
Погледнете видео од една од куќичките за нејзините кучиња:
@lovethis.news Owner builds Life-Sized Dog Home Out of Lego! 🐾🤩 SWNS / Lauretta Quincey #lovethis #lovethisnews #lego #lifesizelego #legomodel #pooch #kennel #legohouse #edsheeran #legodog #lovedogs #dog #pooch #legoproject #wholesome #happy #viral
♬ Lego House - Ed Sheeran
М. Ѓ. | Црнобело