Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг

Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ниту, пак, во љубовниот живот. Познатиот физичар почина како ерген, а зад себе остави две поранешни сопруги и три деца.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-01.jpg

Стивен Хокинг важи за еден од најголемите умови од модерно време, а беше и доказ дека со доволно волја и љубов кон работата, практично ништо не е невозможно.

Дијагностициран со амиотрофична латерална склероза во студентските денови, лекарите му прогнозирале дека ќе биде чудо ако живее подолго од 20-тина години.

Но, Стивен Хокинг не само што одживеа добри 76 години, туку го остави и својот белег во физиката.

Познатиот физичар целиот живот го помина во инвалидска количка, а зборуваше со помош на компјутер.

Но, ова не му претставувало пречка ни во љубовта – двапати беше во брак, а имаше и афера.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-10.JPG

Детали за бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг:

Стивен Хокинг бил дијагностициран со болеста во 1963 година, а се венчал со првата сопруга – Џејн Вајлд – во 1965-та.

Две години подоцна, тие го добиле првото дете, а потоа во 1970-та добиле ќерка и во 1979-та - син.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-06.JPG

Додека Стивен ги надминувал очекувањата на лекарите и ја градел својата кариера, Џејн била таа која се грижела и за него, и за децата.

Поради огромниот притисок, самата има изјавено дека имало периоди кога помислуваа и на самоубиство.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-04.JPG

Иако на почетокот можеби не им било лошо, по некое време речиси и да немале интимни односи и Џејн се претворила само во негова негувателка – го хранела, го облекувала, го носела на прегледи…

„Во нашиот брак како да имаше четворица партнери – Стивен, јас, неговата болест и физиката.

Дури и да не беше болен, физиката ќе му беше поважна“, има изјавено Џејн пред десетина години.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-05.JPG

Кога финансиската состојба им се подобрила, Џејн можела да најми некој друг да се грижи за Стивен за таа конечно да е фокусира на некој свој интерес.

Со повеќе слободно време, Џејн почнала да пее во хор каде, пак, го запознала музичарот Џонатан.

Не знаејќи уште колку долго ќе живее, Стивен уште толку се посветил на својата работа и почнал да станува и светски познат.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-12.JPG

И Џејн стравувала за смртта на Стивен, па самата му кажала дека би сакала покрај неа да има некој кој ќе се грижи за неа, за да не остане целиот живот вдовица.

И, бидејќи се зближила со Џонатан од хорот, Стивен самиот дал благослов тој да биде со Џејн по неговата смрт.

Џонатан дури и се вселил во домот на Џејн и Стивен.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg